Rehau

Wi-Fi ZoneAirconditioned

  • Address : Boris Trajkovski 7 b.b. (Prvomajska)
  • Place: Skopje
  • Distance: ≈7855 км

  • Telephone 2: +389 2 2460459
  • Fax: +389 2 2403444
  • Working Hours: Mon - Fri from 08:00 to 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/1f32e09b2f61be6bfb285dd22f278873.jpg?t=true&w=300&h=300


Photo & Video Galery

Поголеми, постабилни, поодржливи:

РЕХАУ направи оптимизација на модерните прозорци со создавање на нов, уште поразвиен висококвалитетен материјал зајакнат со стаклени влакна РАУФИПРО ИКС

Во последнава деценија експертот за полимери, РЕХАУ, има произведено повеќе од 50.000 километри профили за прозорци и тоа од висококвалилтетниот материјал РАУФИПРО. Денес, компанијата го развива материјалот на повисоко ниво: Изработени од новиот материјал РАУФИПРО ИКС кој содржи дури 50% повеќе стаклени влакна, прозорските профили на РЕХАУ дефинираат нови граници на стабилност и енергетска ефикасност. Инвоативниот материјал за прв пат се применува кај проозрскиот профил ГЕНЕО кон крајот на 2018 година.

Материјалите кои се зајакнати со стаклени влакна, во суштина се основа за создавање на лесни но истовремено и стабилни производи со високи перформанси како на пример кај авто-трките, авионската индустрија но и во сопствените четири ѕида дома. Со новоразвиениот материјал РАУФИПРО ИКС, компанијата РЕХАУ ги подобрува особините на модерните прозорци со целосно армирани прозорски профили, стабилни и оторни на топлински влијанија. Статично поставеното јадрото овозможува распределба на тежината во сите правци, па така профилот е стабилен и отпорен на удари. Дури и високите прозорци меѓу катови, кои досега се изработуваа исклучиво од алуминиум, сега благодарение на РАУФИПРО ИКС и големата содржина на стаклени влакна и подобра статичност, може се направат со ПВЦ профили. „Со висококвалитетниот материјал РАУФИПРО ИКС големината на полимерните прозорски профили веќе не е пресудна за технички можна изводливост, туку само естетика“, објаснува Јорг Каргер, раководител на производниот менаџмент во одделот прозорски решенија на РЕХАУ. Есента 2018 прозорскиот профил ГЕНЕО за прв пат е направен со материјалот РАУФИПРО ИКС. Белите прозорци можат да се направат со висина од 2,80 метри и ширина од 1,60 метри, а прозорците во боја со висина од 2,50 метри и ширина од 1,50 метри. Прозорските профили на РЕХАУ имаат носивост до 150 килограми и притоа овозможуваат интеграција на тешки сигурносни и звучно изолирани стакла.

Оптимална енергетска ефикасност, звучна изолација и заштита од провала
90 проценти од прозорците, изработени до РАУФИПРО ИКС, се без челично армирање со што се избегнува појава на дополнителни топлински мостови. ГЕНЕО РАУФИПРО ИКС достигнува Uf-вредности помеѓу 0,98 и 0,79 W/m²K, така што прозорските системи можат да се користат и за пасивни куќи. Прозорските профили од РАУФИПРО ИКС се сертифицирани од страна на институтот за пасивни куќи во Дармштадт. Висококвалитетниот материјал овозможува изработка на прозорци без користење на челично армирање, дури и кај големите прозорци, па така во коморите останува слободен простор, кои може да се искористат за дополнителни термо модули. Со тоа дополнително се зголемува енергетската ефикасност. Во комбинација со трослојно изолирачко стакло со ГЕНЕО РАУФИПРО ИКС се достигнуваат UW-вредности до 0,6 W/m2K.

ГЕНЕО РАУФИПРО ИКС обезбедува и најдобри вредности во својата класа на отпор RC 2 за заштита од провала како и звучна изолација до 47 dB. Со вградување на тешки сигурносни стакла, благодарение на висококвалитетниот материјал, РЕХАУ прозорците ги исполнуваат барањата и според класата на отпор RC 3 за заштита од провала. Други додадени функционални вредности на прозорецот се овозможени со интегриран систем за вентилација и поврат на топлина СМАРТ ИНОВЕНТ (SMART INOVENT) или интелигентни алармни системи на самиот прозорец СМАРТ ГРАД (SMART GUARD).

Максимална флексибилност и креативна слобода

Експертот за полимери, РЕХАУ, ги сознава потребите и желбите на своите клиенти и ги прати потребите на пазарот. „Материјалите и нивната специфицирана примена веќе 60 години се важен составен дел на нашата ДНК“, нагласува Јорг Каргер. „Денес се повеќе се бараат фолирани и обоени профили, кои истовремено треба се отпорни на висока температура. РАУФИПРО ИКС ги исполнува овие услови. “РЕХАУ успева да ја зголеми отпорноста на топлина со зголемување на температурата на омекнување во однос на стандардните ПВЦ рецептури.
Со програмата КАЛЕИДО КОЛОР, РЕХАУ нуди огромен број на бои и дизајни. Во зависност од желбите на клиените се спроведуваат различни постапки како што се КАЛЕИДО ПАИНТ за лакирање или пак КАЛЕИДО ФОИЛ за фолирање. На тој начин можна е изведба на преку 400 дизајни. Така клиентите можат да профитираат од високата енергетска ефикасност на полимерните прозорски решенија а истовремено да бираат помеѓу структурирани или сјајни површини, декори на оплеменет метал но и изглед на дрво КАЛЕИДО ВООДЕК.

Едноставно ракување

Со ГЕНЕО РАУФИПРО ИКС се избегнува челичното армирање, што доведува до 40% поедноставна изработка и монтажа. Тоа претставува предност и во производството, кое е побрзо и не постои опасност од оштетување на квалитетот со струготини настанати при вметнување на челик, како кај конвенционалните профили. РЕХАУ партнерите можат директно да го обработуваат висококвалитетниот материјал, без дополнителни инвестиции во нови машини за производство. Заради олеснување на процесот на планирање со софтверските решенија Revit, Allplan, ArciCad, РЕХАУ ги има поставено сите податоци за ГЕНЕО во БИМ (BIM), од каде можат слободно да бидат превземени.

Одржливо производство

Висококвалитетниот материјал зајакнат со стаклени влакна РАУФИПРО ИКС е дел од РЕХАУ концептот, ЕКО ПЛУС, каде што во затворен производен циклус, дел од материјалот се сортира и подготвува за враќање во производство на нови висококвалитетни прозорски профили. Сортираното рециклирање на материјалот се изведува со маркери. За своите одржливи процеси на производство и процеси на рециклирање, фамилијарната компанија РЕХАУ, годинава на саемот Фенстербау Фронтале „fensterbau frontale“ ја доби ознаката за квалитет Винил Плус (VinylPlus).

РЕХАУ групацијата е експерт за полимери кој прави годишен промет од повеќе од 3,5 милијарди Евра. Таа е независна и стабилна, фамилијарна компанија. РЕХАУ брои повеќе од 20.000 вработени кои активно работат на повеќе од 170 локации ширум целиот свет. Во Европа РЕХАУ брои околу 12.000 вработени, од кои само 8.000 во Германија. Во Македонија РЕХАУ брои 16 вработени од каде што се опслужуваат пазарите во Македонија, Косово и Албанија. Веќе 70 години РЕХАУ создава се полесни, поудобни, посигурни и поефикасни вештачки производи и ги испорачува низ целиот свет.
more
Retail Price - VAT Included:Ask for price

CENTRAL VACUUM CLEANER VACUCLEAN

Retail Price - VAT Included:Ask for price

RAUTITAN - home plumbing system

Retail Price - VAT Included:Ask for price

Terrace system RELACO

Retail Price - VAT Included:Ask for price

WINDOW PROFILE GENEO

Retail Price - VAT Included:Ask for price

Plastic shaft

Retail Price - VAT Included:Ask for price

Sewage pipes

Retail Price - VAT Included:Ask for price

ROOM REGULATOR TEMPERATURE


See our products at
Map

Login on Golden Page

UsernamePassword



New user ? | Forgot your password? | Cancel