Петар Карпош (с. Војник, 1655 - 1689) попознат само како Карпош — предводник на големото народно востание од 1689 година на македонскиот народ против Османлиската империја, познато во историјата како Карпошово востание. Пред востанието Карпош бил долгодишен ајдутин, а подоцна и ајдутски арамбаша. Со востанието бил прогласен за „Крал на Куманово“.
Додека корените на востанието лежеле во повеќе вековната потчинетост на македонскиот народ, како и неговата незавидна економска и општествена положба, под османлиска власт, непосреден повод била втората опсада на Виена од страна на Османлиската империја во 1683 година.
Во чест на востанието на Карпош е именуван плоштадот „Карпошово востание“, на влезот на Старата скопска чаршија во Скопје.
more