Нула отпад

Достапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Јосиф Јосифовски Свештарот 37/2
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7426 км
  • Локација: Кај средно училиште Корчагин


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1606902905_42.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

“Спроведувње на концептот “zero waste” (нула отпад) и да се биде општествено одговорен, но и да се остане општествено одговорен е позиција која обврзува и во таа насока се темелат стратегиите за деловна ориентација на друштвото.”

Нула Отпад ДОО врши Бесплатно собирање директно од домовите на габаритниот електронски и електричен отпад, како фрижидери, шпорети и слични апарати од домаќинството.
Пријавете се на Еко-линијата 070/236000 и Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ ќе ги подигнат расипаните апарати.

Нула Отпад ДОО од Скопје се залага за:
• Зачувување, заштита, обновување и унапредување на квалитетот на животната средина
• Заштита на животот и на здравјето на луѓето
• Рационално и одржливо користење на природни богатства
• Спроведување и унапредување на мерките за решавање на глобалните проблеми на животната средина
• Избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создадениот отпад
• Искористување на употребливите делови на отпадот
• Одржлив развој, преку зачувување и заштеда на природните ресурси
• Спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето
• Отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина

Нула Отпад ДОО Скопје ја информира јавноста за можните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од супстанциите кои се содржат во батериите, акумулаторите и електрична и електронска опрема и неопходност од нивно селективно собирање.

Оснoвањето и почетокот на дејствување на Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје, датира од 2012 година. Своето дејствување како непрофитна организација во управување со специфичните текови на отпад го започна кон крајот на 2012 година и отогаш функционира исклучително активно и претставува поим за позитивни вредности во заштита на животната средина.

Друштво за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје успешно го решава проблемот со управувањето на специфичните текови на отпад, почитувајки ги европските стандарди и согласно законските прописи, постојано воведувајќи нови вредности и стандарди кои ја подигаат самосвеста на популацијата и културата на живеење.

Социјални мрежи:
- https://www.facebook.com/nulaotpad/
- https://www.instagram.com/nulaotpad/
- https://www.youtube.com/channel/UCXDDQgLxr9co4Rdvv9lA6yg?view_as=subscriber
- https://twitter.com/NulaOtpad
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи