УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ZK.MK (Услови за користење)УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ZK.MK (Услови за користење)
1. Генерални одредби
Со овие услови за користење на веб сајтот zk.mk и неговите услуги и функционалности (во понатамошниот текст: Услови за користење) се дефинираат правата и обврските за користење на веб сајтот zk.mk.
Секое автоматизирано превземање на податоците од веб сајтот zk.mk и од неговата датабаза е строго забрането.
Правото на користење на zk.mk е лично на корисникот (корисникот може да биде правен субјект или физичко лице) и не е преносливо на кое било друго лице или субјект. Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Корисникот e запознаен и свесен дека иако Интернетот е генерално безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Р3 Инфомедиа, и Р3 Инфомедиа не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информациите преку Интернет. Иако цел на Р3 Инфомедиа е zk.mk да биде достапен нон-стоп, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Р3 Инфомедиа, пристапот до zk.mk може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
Внесувањето на информациите е автоматизирано преку соодветни електронски онлајн формулари на zk.mk. Со внесување и испраќање на информации од страна на корисникот, корисникот и отстапува право на Р3 Инфомедиа да ги објави тие информации на zk.mk.
Р3 Инфомедиа не е одговарна за точноста, веродостојноста и содржината на информациите кои се внесени од страна на корисниците, односно објавени на zk.mk. За точноста, веродостојноста и содржината на информациите за производите/услугите и фирмите/професионалците одговара фирмата/професионалецот кој/а ги внел/а истите.
Zk.mk и неговите функционалности се достапни за поединци на возраст од 18 години или повеќе. Доколку имате најмалку 13 години, а сеуште не 18 години, можете да го користите zk.mk, под надзор на вашиот родител или старател кој се согласува со овие Услови за користење. Никој под 13 години не смее да го користи zk.mk.
Р3 Инфомедиа може да ги промени овие Услови на користење со пишан или електронски документ. Во таков случај, Р3 Инфомедиа ќе ги извести своите корисници на соодветен начин односно преку објава преку zk.mk за промената, не подоцна од 7 дена пред стапување во сила на промената. Секој корисник е согласен со ваквиот начин на известување за промените на Условите на користење.
Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користење на zk.mk. Исто така, секој корисник се согласнува да ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата Р3 Инфомедиа, нејзините одговорни лица и вработените за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник, и прекршување на Условите за користење.
Секој регистриран корисник се согласува да добива нотификации на е-меил адресата со која е регистриран на zk.mk. Нотификациите се поврзани со услугите на zk.mk. Корисниците ќе добиваат известување на е-маил: · кога ќе им биде пратена порака преку интерниот систем за испраќање и примање пораки, · ако корисникот одбрал компанија за омилена, ќе биде известен кога ќе има промена во информациите кај таа компанија, · пред истекување на пакетот на членство, итн.
Секој регистриран корисник се согласува да добива нотификации на мобилниот уред (смартфон, таблет, ...) при движење во одреден радиус на место во кое што има купон за попуст, специјална понуда или друга понуда преку zk.mk.
Секој регистриран корисник се согласува да добива директна пошта на е-меил адресата со која е регистриран на zk.mk.
Корисникот се обврзува во процесот на користење на Услугите што ги обезбедува zk.mk, на неговиот Сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни Кориснички содржини – информација, податок, текст, звук, датотеки, фајлови, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или линкови кон материјали кои:
1.1. не се во склад со законодавството на Р. Македонија, важечките странски закони, Интернет етиката, заедничките прописи за пристојност и моралност;
1.2. предмет на интелектуална сопственост на трети страни, освен со согласност со носителот на правото;
1.3. претставуваат комерцијална или професионална тајна или друг вид доверлива информација, чие откривање е забрането врз основа на договор, закон или акт на некој надлежно, државно или општинско тело;
1.4.содржи информации за шифрите на други корисници или правата за пристап, без согласност на нивните носители, како и софтвер за пристап до таквите шифри или права;
1.5. содржат лични податоци во врска за трети лица или кои било други информации заштитени со закон, освен во согласност со сите важечки барања за нивна заштита, процесирање и примена;
1.6. повикуваат или содржат елементи на насилство врз лица или животни, понижување на човековото достоинство, закани по животот и физичкиот интегритет на лица или животни;
1.7. прикажуваат несреќи и други сериозни инциденти или кривични дела;
1.8. имаат порнографска или експлицитна содржина;
1.9. изразуваат или повикуваат на дискриминација врз основа на пол, раса, националност, етничка припадност, државјанство, потекло, религија или верување, образование, верувања, политичка припадност, личен или јавни статус, инвалидитет, возраст, сексуална ориентација, брачна состојба, имотен статус или било која други обележја, како и пропагирање на било која друга недемократска идеологија;
1.10. штетат на добрата репутација, чест или достоинство на трети страни;
1.11. повикуваат на насилна промена на уставниот поредок, извршување злосторство, лични насилство или поттикнуваат расна, етничка или верска омраза;
1.12. прикажуваат и поттикнуваат на однесување кое претставува опасност за заштитата на животната околина;
1.13. содржат информации кои поттикнуваат извршување на терористички активности и други теми поврзани со тероризам;
1.14. ги повредуваат правата на сопственост или легитимните интереси на трети лица;
1.15. имаат слаб квалитет и нејасна содржина;
1.16. имаат големина која ја надминува максималната големина што е определена на веб-страниците на zk.mk веб-сајтот;
Доколку такви содржини бидат пронајдени од страна на Р3 Инфомедиа, истите ќе бидат веднаш избришани. Доколку сметате дека производите и услугите се дозволени за продажба според Законите во Македонија и дека не ги прекршуваат истите, тоа треба да го докажете. Објавените производи и услуги мораат да бидат во согласност со Законите и регулативите во соодветната дејност во Македонија.
Р3 Инфомедиа има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на zk.mk со цел да ги извести своите клиенти, корисници, други странки, да ги објави на други медиуми, да ја провери веродостојноста на корисникот и да комуницира со корисникот во однос на услугите на zk.mk. Меѓутоа, личните податоци за корисниците ќе бидат чувани како стриктно доверливи и нема да им бидат откриени на трети лица освен ако тоа е побарано според закон, или пак ако има судска наредба или друг задолжителен налог тоа да се направи.
Р3 Инфомедиа го задржува правото да ги провери информациите поднесени при регистрација на фирма или професионалец, како и информации за секоја понуда, производ или услуга со цел да се провери нивната веродостојност. Доколку Р3 Инфомедиа смета дека информацијата не е валидна или пак не е во согласност со овие Услови за користење има право истата да ја избрише.
Р3 Инфомедиа не е одговорна за настанување на било каква штета поради објавените информации за производот, услугата, фирмата или професионалецот.
Р3 Инфомедиа го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира услуги или воведува услови за услугите на zk.mk без претходно известување.
2. Правила за користење
1. Не пишувајте неоправдани ставови против конкуренцијата. Неоправдани и/или неквалификувани изјави можат да бидат избришани од страна на Р3 Инфомедиа. 2. Не вклучувајте информации или на било кој друг начин не користете материјал кој е предмет на интелектуална сопствност или други ексклузивни права од трето лице без нивно знаење и дозвола. 3. Не вклучувајте лични податоци кои се однесуваат на други луѓе, а без нивно претходно одобрување. 4. Не рекламирајте, не промовирајте или на било кој друг начин не огласувајте туѓ производ или услуга. 5. Не промовирајте масовна понуда до фирмите членови на zk.mk преку опцијата Испрати е-маил.
3. Основни упатства и инструкции
Кога се регистрирате како правен субјект (компанија), професионалец или физичко лице:
1. Внесете важечки податоци за Вас или за Вашата или компанијата во која сте вработени. 2. Внесете и користете само легална, пристојна и искрена содржина. 3. Ве молиме да следите “нетикета” кога внесувате податоци, односно советот е да не го пишувате целиот текст со големи букви или нерегуларен фонт.
Кога внесувате веб презентација:
1. Веб презентацијата со опис на компанијата, Вашата понуда, производи или услуги треба да биде поставена на начин на кој најдобро ја опишува Вашата копманија, понуда, производ или услуга. 2. Текст мора да биде внесен во делот за опис. 3. Следете “нетикета” кога внесувате текст, односно не го пишувате целиот текст со големи букви или нерегуларен фонт. 4. Слики мора да бидат внесени во делот галерија на слики, видеа мора да бидат внесени во делот видеа. 5. Внесете различна веб презентација за различните дејности во кои припаѓа компанијата / професионалецот. 6. Не објавувајте производи или услуги кои не се дозволени за продажба според Законите во Македонија. Доколку такви производи или услуги бидат пронајдени од страна на Р3 Инфомедиа, истите ќе бидат веднаш отстранети.
4. Услови за користење на сервисот „Мислења и оцени” на Златна книга
Овие услови за користење на сервисот „Мислења и оцени” на Златна книга („Услови за користење”) се однесуваат на објавување мислења и оцени на веб апликацијата на Златна книга, која е достапна на www.zk.mk, како и објавување мислења и оцени на мобилните апликации на Златна книга. Со поднесување на мислење и оцена, секој корисник на сервисот „Мислења и оцени” на Златна книга се смета дека е запознаен и дека ги прифаќа овие Услови за користење на сервисот.
На секој корисник на веб или мобилните апликации на Златна книга му е дозволено да објавува мислења и оцени за излистаните фирми, установи, организации или индивидуалци. Мислењата и оцените се секогаш предмет на одредбите на овие Услови за користење.
За да оцените фирма, установа, организација или индивидуалец, ве молиме да одберете број на ѕвезди кој се совпаѓа најмногу со вашето мислење за фирмата, установата, организацијата или индивидуалецот кој/а го/ја оценувате. Оценувањето со ѕвездите е направено на скала од 1 до 5, односно:
***** (5 ѕвезди) – Одлично **** (4 ѕвезди) – Многу добро *** (3 ѕвезди) - Добро ** (2 ѕвезди) – Слабо * (1 ѕвезда) – Лошо
Со поднесување на мислење и оцена на Златна книга, корисникот и дава право на Р3 Инфомедиа (а) да го објави мислењето и оцената на сервисот „Мислења и оцени” на веб и мобилните апликации на Златна книга и (б) да го објави корисничкото име на корисникот кој го објавил мислењето, како негов автор во сервисот “Мислења и оцени” на веб и мобилните апликации на Златна книга.
Вкупната оцена за фирмата, установата, организацијата или индивидуалецот е покажана како средна вредност од сите оцени дадени за неа. Нема да биде дозволено да се земат во предвид две или повеќе оцени од ист автор кои се однесуваат за истата фирма, установа, организација или индивидуалец како дел од пресметките за вкупната нејзина оцена.
4.1 Основни упатства и инструкции
Кога пишувате мислење:
1. Изразете го вашето лично искуство и мислење. Кога пишувате позитивно/негативно мислење, бидете конкретни и дадете причини за мислењето. 2. Бидете објективни, искрени и фер. 3. Напишете и користете само легална, пристојна и искрена содржина. 4. Оценете го давателот на услуги или продукти фер, со доделување 1 до 5 ѕвезди. 5. Запомнете дека вашите мислења им помагаат на другите корисници во донесувањето информирани одлуки. 6. Содржината нека биде кратка – 3 до 4 реченици е идеалната должина. 7. Ве молиме да следите “нетикета” кога пишувате мислење, односно советот е да не го пишувате целото мислење со големи букви, нерегуларен фонт или болдиран фонт. 8. Доколку цитирате некој друг, ве молиме да го наведете изворот и да ја ограничите должината на текстот кој го цитирате.
4.2 Правила за користење
Кога пишувате и испраќате мислење:
1. Не внесувајте слики, фотографии и линкови до други веб сајтови. 2. Не пишувајте неоправдани ставови против конкуренцијата. Неоправдани и/или неквалификувани изјави можат да не бидат објавени. 3. Не вклучувајте во вашето мислење или на било кој друг начин не користете материјал кој е предмет на интелектуална сопствност или други ексклузивни права од трето лице без нивно знаење и дозвола. 4. Не се референцирајте или одговарајте на мислења од други корисници. Целта на сервисот „Мислења и оцени” на Златна книга не е дискусија, туку едноставно искажување на вашето лично мислење за одредена фирма, установа, организација или индивидуалец. Сепак, ова ограничување не важи за фирмата, установата, организацијата или индивидуалецот за кој е напишано мислењето, бидејќи Р3 Инфомедиа им дава на своите клиенти фер шанса да одговорат на мислењето дадено за нив. Кога одредено мислење и оцена е објавено на Златна книга, системот автоматски испраќа е-меил со содржината на мислењето до фирмата, установата, организацијата или индивидуалецот за која тоа се однесува. 5. Не вклучувајте содржини кои се расистички, сексистички, порнографски, дискриминирачки, насилни или криминални акти кои содржат лоши и навредувачки забелешки, докази слушнати од друго лице или злонамерни обвинувања. 6. Не вклучувајте лични податоци кои се однесуваат на други луѓе, а без нивно претходно одобрување. 7. Немојте да го загрозувате или да се заканувате по личната безбедност и имот на други луѓе. 8. Не рекламирајте, не промовирајте или на било кој друг начин не огласувајте ваш или пак туѓ производ или услуга. 9. Не внесувајте соджини кои се адресирани кон Р3 Инфомедиа или администраторот на веб сајтот www.zk.mk или кон администраторот на мобилните апликации. Доколку сакате да ги контактирате нив, ве молиме за таа цел да ја користите страната Контакт.
4.3 Генерални одредби
1. Р3 Инфомедиа не е одговарна за точноста и веродостојноста на мислењата напишани од корисниците на Златна книга. Р3 Инфомедиа исто така не е одговарна за содржината на мислењата кои се објавени, ниту пак нивната усогласеност со овие Услови за користење. 2. Мислења испратени преку сервисот „Мислења и оцени” на Златна книга можат да бидат проверени од страна на Р3 Инфомедиа со цел да се провери дали се соодветни и се во согласност со овие Услови на користење. 3. Р3 Инфомедиа го задржува правото да не објави или да избрише мислење напишано од корисник.. 4. Р3 Инфомедиа нема право да додава, брише и/или крие текст, или на било кој друг начин да менува содржина на било кое мислење. 5. Р3 Инфомедиа има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на сервисот „Мислења и оцени” со цел да ги извести своите клиенти, корисници, други странки или пак да ги објави на други медиуми. Меѓутоа, личните податоци за корисниците ќе бидат чувани како стриктно доверливи и нема да им бидат откриени на трети лица освен ако тоа е побарано според закон, или пак ако има судска наредба или друг задолжителен налог тоа да се направи. 6. Со цел да објават мислење, корисниците на сервисот „Мислења и оцени” на Златна книга треба да ја внесат својата е-меил адреса и име во формата за испраќање мислења и оцени. Р3 Инфомедиа ќе ги собере, користи, анализира и складира овие информации само со цел да ја провери веродостојноста на корисникот и да комуницира со корисникот во однос на услугите на Златна книга. 7. Секој корисник сноси целосна одговорност за своето мислење и оцена и се согласува да ја брани, обесштети и држи како невиновна Р3 Инфомедиа врз основа на: 1) било кои и сите загуби, оштети, маани, обврски или долгови настанати поради било какви непочитувања и прекршувања на условите за користење на сервисот „Мислења и оцени” на Златна книга од страна на корисникот; и 2) било кои или сите дела, парници, расправии, тужби, судења, судски постапки, цени и трошоци (вклучувајќи и разумни трошоци за адвокатски услуги) кон/на Р3 Инфомедиа во однос на било која постапка, парница или жалба против Р3 Инфомедиа, или инцидент од страна на корисникот во однос на било која одредба од овие Услови за користење. 8. Р3 Инфомедиа може да ги промени овие Услови на користење со пишан или електронски документ. Во таков случај, Р3 Инфомедиа ќе ги извести своите корисници на соодветен начин (вклучувајќи и начин на објава преку www.zk.mk) за промената, не подоцна од 7 дена пред стапување во сила на промената. Секој корисник се согласува редовно да ја посетува страната www.zk..mk за да дознае за такви промени. 9. Ве молиме да имате во предвид дека оцената за секоја фирма, установа, организација или индивидуалец е формирана врз основа на лични и субјективни мислења од страна на корисниците. Р3 Инфомедиа препорачува сите корисници на Златна книга внимателно да ги прочитаат мислењата и да донесат своја разумна одлука за точноста и практичната примена на мислењата. 10. Доколку сметате дека некое мислење не е во согласност со овие Услови за користење, ве молиме да го пријавите тука. Р3 Инфомедиа ќе го испита пријавеното мислење и ќе го избрише доколку не ги исполнува Условите за користење.
4.4 Завршни одредби
Страните кои што на било каков начин се сметаат за засегнати со Условите за користење на www.zk.mk, се согласни на нив да се применуваат правните прописи на Република Македонија и како надлежен го избираат стварно наделжниот суд со седиште во Скопје, Република Македонија.
5. Политика на авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост
Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на овој веб сајт без изречена писмена дозвола од Р3 Инфомедиа е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и / или кривични казни.
Р3 Инфомедиа не сноси одговорност, за да му даде на корисникот индикации за да тој/таа свати дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка. Корисникот е единствено одговорен за било каква штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од таквиот поднесок.
| НОМАГАС АД Скопје денеска го затвори тендерот за избор на изведувач на градежни работи за изградба на гасоводната интерконекција со Грција откако истече ... НЕ СТО ТУКУ ДВЕСТЕ ИЛЈАДИ ДОЛАРИ: Растот на биткоинот ја помери „границата на соништата“ за ...Време зa читање: 4 минути Биткоинот (BTC) се искачи на новото највисоко ниво од 94.002 долари пред да се консолидира над 92.000 долари, сигнализирајќи силен ... За десет месеци низ регулаторниот филтер поминале 254 барања од приватни инвеститори за лиценци ...Од јануари заклучно со 31 октомври Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) има издадено лиценци за ... СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цениЈП „Скијалишта Србија“ го објави ценовникот на ски билети за зимската сезона 2024/2025, за кои попустот важи до 15 ноември, а најголемо внимание секако ... СЛОВЕНИЈА СО НАЈНИСКА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: Во Романија се случи обратнотоСловенија забележа најниска годишна стапка на инфлација во ЕУ во октомври, затоа што нејзините потрошувачки цени останаа непроменети од година во година, ... Отворена стечајна постапка за најголемиот земјоделски комбинат ЗК Пелагонија, сметката е блокирана ...Основниот суд во Битола го прифати предлогот и отвори стечајна постапка против најголемиот земјоделски комбинат во земјава - АД ЗИК Пелагонија. Во Службен ... |