Ting Inox


  • Address : Ungarska (Shtipski Pat) 17
  • Place: Kocani
  • Distance: ≈10737 км
  • Location: пред Кочани,Индустриска зона-прва уличка десно

  • Fax: +389 33 297257

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1412922985_01.png?t=true&w=300&h=300


Photo of Location

Photo & Video Galery

Почетоците на Тинг инокс се проектирање и инсталирање на термотехнички инсталации, санации на котлари, водоснабдување, челични конструкции и трговија со инсталациони материјали. Започнувањето е со 4-ица вработени кои со несебични залагања вршеја повеќе функции и ги поставија темелите на фирмата со инженерско работење, монтажерско и производствена дејност.

ТИНГ-ИНОКС Дооел е една од првите фирми во РМ за производство на опрема за прехрана, земјоделие, хемија… со што допринесува во развојот на целокупната економија преку потенцирање на домашниот пазар (домашно произведена опрема а не увозна зависност). Одличната работа и посветеноста на вработените денеска ја претвори оваа компанија во едно успешно средно претпријатие кое има широк спектар на производи и околу 100 вработени.

ТИНГ-ИНОКС Дооел е меѓу првите формирани заштитни друштва во кое работат и опстојуваат, веќе 29 години, лица со посебни потреби за кои фирмата води особена грижа во поглед на нивна социјализација и еманципација. Тинг-Инокс Дооел денес успешно ги задоволува потребите на пазарот во Македонија и надвор повеќе од 29години.Претставува компанија за проектирање, изработка, инсталација и монтажа, специјализирана е за производство на Процесна Опрема во сегментите на Млечната индустрија, Кондиторската, Винарство, Фармација и Хемија, Изработка на производи со висока прецизност и други производи согласно барањата на клиентите. Посветеноста во развивање на стратешки ориентирани решенија и достигнување на одлични резултати во сите сфери на делување овозможува задоволување на потребите и очекувањата на клиентите и крајните потрошувачи. Постојано водиме грижа се што создаваме секогаш да биде дополнителен бенефит за нашите клиенти. На тој начин градиме партнерски релации кои им овозможуваат на нашите клиенти висококвалитетнии услуги и производи како и зголемена профитабилност. Нејзиниот сензационален раст не е случајност, туку резултат на правилни одлуки, храбра визија и иновативни концепти ориентирани кон иднината.
more
Photo of Location
Map

Login on Golden Page

UsernamePassword



New user ? | Forgot your password? | Cancel