Statue of Kuzman Josifovski Pitu


Categories:

monuments



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Photo of Location

    Photo & Video Galery

    Кузман Јосифоски - Питу (Прилеп, 23 јуни 1915 - Скопје, 25 февруари 1944) — македонски правник, комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОБ во Македонија (1941-1944).

    Станува член на КПЈ во 1938 година. Бил еден од организаторите на студентско друштво „Вардар“ и на македонското национално движење МАНАПО. Бил организатор и учесник на повеќе национални манифестации и демонстрации за подигање на национално-револуционерната свест за продолжување на ослободителната борба против окупаторскиот режим.

    Од 1940 година член е на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

    По Преспанското советување на 2 август 1943 година доаѓа во Скопје да раководи со борбата на македонскиот народ, во заднината на фашистичкиот окупатор. Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал често пати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија.

    Во февруари му било кажано дека бугарската полиција дознала за неговата активност и тој морал да замине во партизани. За жал, при обидот да го напушти Скопје, во близина на некогашната фабрика „Алумина“ бил убиен од бугарски војници.

    Неговиот споменик се наоѓа во Жена-Парк.

    more
    Photo of Location
    Map

    Даночното затајување е предизвик присутен во сите земји, како во неразвиените, така и во развиените, затоа соработката помеѓу земјите и размената на инфорамции ...
    сите 37 | | | веќе видена

    Login on Golden Page

    UsernamePassword



    New user ? | Forgot your password? | Cancel