Statue of Blaze Koneski


  • Address : Makedonska Akademija na nauki i umetnosti
  • Place: Skopje
  • Distance: ≈8148 км
Categories:

monuments



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Photo of Location

    Photo & Video Galery

    Блаже Конески (роден 19 декември 1921 – починал 7 декември 1993) е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, јазичар и филолог, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.

    По ослободувањето, активно се вклучува во стандардизирањето на македонскиот јазик. Го составил правописот на македонскиот литературен јазик, а исто така бил уредник на „Речникот на македонскиот јазик“

    Основач е на студиите по македонистика на Скопскиот универзитет, а во периодот од 1958 до 1963 бил ректор на универзитетот.

    Конески е истакнат лингвист, меѓународно реномиран славист, еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје (кој денес го носи неговото име), ценет професор, еден од основачите и прв претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ.

    Неговиот споменик се наоѓа пред зградата на МАНУ во Скопје.
    more
    Photo of Location
    Map

    Самитот Македонија 2025 чија главна цел е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на ...
    сите 55 | | | веќе видена

    Според најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до 2029 година – земајќи ја предвид очекуваната разлика во стапките на економски раст – во ...
    сите 40 | | | веќе видена

    Login on Golden Page

    UsernamePassword



    New user ? | Forgot your password? | Cancel