Smart studio


  • Address : Business Center Intex, 3rd Floor, office no.2
  • Place: Skopje
  • Distance: ≈7425 км

  • Working Hours: Mon - Fri from 08:00 to 17:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1602575204_68.png?t=true&w=300&h=300


Photo & Video Galery

Основана од Шенаси Адили, компанијата Смарт Студио за краток период ја стекна довербата кај потрошувачите и команиите на пазарот на градежништвото и внатрешниот дизајн. Благодарение на долгогодишното искуство на тимот кој стои зад нашата компанија и ресурсите со кои располагаме, нудиме професионални услуги во областа на завршни градежни работи при изградба на нови објекти и реновирање на вашите домови и деловни простории. Тука, пред се, мислиме на изведба и поставување на керамички и порцелански подни и ѕидни решенија од големиот Италијански бренд Мараци (Marazzi), како и поставување на подна и ѕидна изолација и санитарии.

-Ви нудиме беспрекорна изведба, врвно знаење и одлични цени
-Секогаш се грижиме работата да биде завршена на време и во рамките на предвидениот буџет
-Професионална услуга за приватни и деловни клиенти
-Над 25 годишно искуство со фокус на задоволството на корисниците

УСЛУГИ

-Marazzi (Мараци) – керамички и порцелански плочки
Дозволете ни да го разубавиме вашиот дом, односно да го опремиме вашиот деловен простор со врвниот бренд – Marazzi!

-Изолација и Санитарии
Нудиме врвна услуга и квалитетни решенија при поставување на нова изолација и санитарни елементи.

-Местење/Лепење на Плочки
Со изборот на Мараци (Marazzi) керамика и порцелански плочки и мајсторијата на нашите врвни професионалци ќе го облагородите вашиот простор со нов и современ изглед

НАШАТА МИСИЈА

Нашата цел е да станеме доминантна компанија на пазарот на внатрешниот дизајн и реновирање која ќе биде препознаена по врвната услуга, квалитет на материјалите и цени прифатливи за сите видови на клиенти.

Нашата желба е да ве ослободиме од сите вознемирувања и тешкотии со кои се соочувате при реновирањето на вашите домови или деловни простории.

Дозволете ни да ве расположиме и да ви го разубавиме вашиот дом или деловен простор создавајќи прекрасен ентериер и атмосфера за работа и живеење.
more
Map

Login on Golden Page

UsernamePassword



New user ? | Forgot your password? | Cancel