Симпозион

ПаркингWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Франклин Рузвелт 54/1-16
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7423 км
  • Локација: Центар

  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1590569194_87.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

<b>Симпозион</b> нуди експертски консалтинг и in-house обуки и работилници во областа на јавните набавки (ЈН), како и специјализирани услуги во оваа област, при што посебно ја издвојуваме докажаната практика на квалитетна изработка на жалби.

Стручната помош за <b>вложување жалби во постапките за доделување договори за ЈН</b> опфаќа увид во понудите на другите понудувачи по приемот на одлуката за избор/поништување, анализа на податоците од понудите на другите понудувачи, изнаоѓање правна основа за поднесување жалба и изработка на жалба, како и помош при покренување управен спор против решението на ДКЖЈН пред Управниот суд.

Вашата безбедност е гарантирана преку ексклузивниот начин на работење на Симпозион. Само во случај на уважување на жалбата, ќе биде наплатена услугата за изработка на жалбата. Во спротивно, нема да имате никаков трошок.

За <b>економските оператори (ЕО)</b>, Симпозион обезбедува усни и писмени консултации, анализа и толкување на целокупната тендерска документација, изработка на сите видови понуди, договори и барања поврзани со ЈН, исправно и ефективно користење на ЕСЈН, помош во постапката за правна заштита, како и советодавна помош при учеството на ЕО во постапките за јавни набавки што се спроведуваат во соседните земји.

За <b>договорните органи (ДО)</b>, Симпозион обезбедува подготовка на тендерската документација, помош во изработката на интерни акти на ДО во областа на ЈН, стручна помош во сите етапи на набавките, постапка на правна заштита, точна и ефикасна соработка со државните институции на ЈН, стручна помош во сите чекори од користењето на ЕСЈН, организирање советодавни состаноци/работилници, усни и писмени консултации и други услуги во врска со планирање, спроведување и реализација на постапките за ЈН.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи