Радио Мрежа Канал 77

Достапен интернетWi-Fi ЗонаРаботиме нон-стопКлиматизирано

  • Адреса: Франклин Рузвелт 4 лок.6
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈9439 км
  • Локација: Капиштец

  • Факс: 02 3223122
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1525343927_44.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Радио Канал 77 е прво приватно национално радио во Македонија, кое започна со работа на 4-ти октомври 1991 година. Својата програма Канал 77 ја емитува од студио во Штип и во Скопје

Она што ја прави нашата програма различна од останатите радио станици е миксот на добри водители кои своите програмски појаси ги претвораат во шоу програма со различните рубрики и интеракцијата со слушателите, музиката која ја емитуваме, бидејќи сите песни кои се емитуваат на Канал 77 се претходно тестирани и одобрени од самите наши слушатели. Канал 77 е познат по информативна програма од кратки и точни вести кои се емитуваат на секој час , а се продуцирани од нашиот тим на новинари. Радиото од публиката според Истражувањата на слушаност е признато како најрелевантно и радио во кое најмногу се верува. Многу компании при градењето на својот бренд го избраа Канал 77 како свој партенер.

Целна група на програмата на Радио Канал 77 се лица од 24 до 45 годишна возраст со тежиште на лица помеѓу 30 и 40 годишна возраст.

Во април 2024 година, истражувачката агенција Gauss Poll спроведе опсежно истражување за слушаноста на радијата во Македонија. Студијата ги анализираше навиките на слушателите, популарноста на различните радио станици и задоволството на публиката од понудените содржини. Резултатите од истражувањето покажаа дека Канал 77 е најслушана национална радио станица, со преку 400.000 различни слушатели секоја недела. Овој импресивен број претставува 39.2% од вкупната популација која слуша радио во Македонија.

Покриеноста со сигнал на Радио Канал 77 е на 98% од територијата на Македонија и зафаќа дел од соседните земји, со посебен акцент на покриеност на целата патна инфраструктура. Дистрибуцијата на програмата се врши 35 FM фреквенции меѓународно кординирани и заштитени од ITU Женева што значи дека Канал 77 се слуша и во соседните држави до Софија, Врање, Солун и други градови.

Радио Канал 77 со својата програма Ви нуди можност за разновидно рекламирање со цел да се постигне максимален ефект и да можат сите слушатели да бидат информирани за Вас и Вашата компанија.

Програмските содржини освен на радио, можат да се следат и на нашата WEB страна, http://www.kanal77.com.mk/ , и социјални медиуми:
Facebook http://www.facebook.com/Kanal77/,
Twitter https://www.twitter.com/Kanal77 (#Канал77, @Kanal77)
http://www.instagram.com/Kanal77
https://www.tiktok.com/@RadioKanal77

За потребита на програмата, техничко одржување, маркетинг и тековно работење на радиото работно се ангажирани над 25 лица, а поглем број од работно ангажираните лица е со високо техничко образование од областа на медиумското работење.

Радио Канал 77 е членка на голем број домашни и странски меѓународи медиумски организации, и учествува во многу промотивни проекти кои имаат социјален карактер и се во интерес на пошироката јавност. Нашата мисија е да му служиме на демократското и отворено општество и да ја развиваме граѓанската инцијатива во Република Македонија.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи