Monument to fallen heroes


Categories:

monuments



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Photo of Location

    Photo & Video Galery

    Според авторот Томе Аџиевски, овој вонвременски проект е базиран на три дела, од кој првиот го претставува Светот на живите, вториот е порта или премин помеѓу светот на живите и светот на вечноста, додека третиот сегмент го претставува Светот на вечноста.

    Светот на живите е претставен со фонтана и концентричен форум, каде е предвидено да се седи околу фонтаната и да се дебатира за секојдневниот живот. Тој треба да претставува нешто како парламент на отворено, симбол на слободата на говорот и јасната определба на граѓаните, за сопствени ставови и идеи.

    На преминот помеѓу светот на живите и светот на вечноста доминираат четири коњички фигури – квадрила. Во исправена положба тие симболизираат оддавање на почит кон мртвите херои. На портата на латински (јазикот на вечноста) се вклесани зборовите Бесмртни, Слобода и Правда. Од страна има розети со лавји глави симболот на Македонија.

    Третиот сегмент, односно Светот на вечноста е претставен со вечниот оган поставен на монолитна мермерна полутопка и бронзан штит во форма на спирала што симболизира бесконечност. Акрополис е претставен со ротонда од монументални столбови и централен столб, каде е фигурата на симболот на победата или митолошка заштитничка на борците.

    Според идејата на авторот императив на проектот е тој да биде одраз на времето и просторот во кои тој настанал, а со самото тоа тој да биде и модерен.
    more
    Photo of Location
    Map

    Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески вчера во Охрид имаше работна средба со раководството на мултинационалната компанија ...
    сите 82 | | | веќе видена

    Минатата година со 1.556 такси возила се превезени 14.341.000 патници, од кои 12.749.000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1.592.000 патници, објави ...
    сите 31 | | | веќе видена

    Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал. По три последователни недели во позитива, априлската ...
    сите 22 | | | веќе видена

    Login on Golden Page

    UsernamePassword



    New user ? | Forgot your password? | Cancel