Панче Пешев(1915-1944) бил македонски композитор, музичар, уметник и учесник во НОБ.
Иако роден во Велес, детството и школувањето ги поминал во Куманово. Загинал во Кушкулија, Струмичко на 5 јуни 1944 година во борбите со бугарските окупаторски војски. Покрај другите Панче Пешев е автор на најубавата и најпопуларна македонска борбена песна од НОВ, која станува и Марш на Третата македонска бригада „Ко челик сме ние“.
Додека бил во логорот „Меѓуречје", тој основал хор во затворот, кадешто биле пеени масовните и народните песни: Старци белобрадци, Млада овчарка, Помниш ли либе Галабо, Борјано, Борјанке и др.
Во негова чест се доделува награда за најуспешно остварување во областа на музичкото творештво и музикологија.
more