Спомен-фонтаната Невена Георгиевска Дуња направена во чест на Невена Георгиевска Дуња, македонска партизанка, припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете светски војни и учесник во НОВ од 1941 година.
Георгиева со своите 16 години била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред, формиран во август 1941 година. По расформирањето на Одредот во октомври 1941, таа заминала во Велес, а во ноември во Струмица. Помагала во подготовките за излегувањето на Струмичкиот партизански одред од летото во 1942 година. Во мај 1942, во отсуство, таа била осудена на 7 години строг затвор. Во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.
Загинала во судир со бугарската полиција и контрачетниците на 6 декември 1942 година во велешко Нежилово. Откако тешко ја раниле, ѝ ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот народ. За страв пак на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставија во еден централен излог.
more