Локацијата на самиот објект не e случајно избрана. Имено, на ова место до земјотресот во 1963 година се наоѓала католичката црква “Пресвето срце Исусово” во која Мајка Тереза, тогаш Гонџа Бојаџиу, била крстена, во оваа црква таа ја примила првата причест, тука го наоѓала духовниот мир кога после смртта на таткото, семејството Бојаџиу западнало во тешка финанскиска ситуација.
Ова место има посебно значење и влијание врз формирањето на карактерот на младата Гонџа и нејзината желба да им помага на унесреќените која уште од многу млада не само што пеела во црковниот хор туку и учествувала во добротворни акции. На еден начин самата локација претставува еден симболичен мост помеѓу младата скопјанка Гонџа и една од најголемите хуманитарки во светски рамки Мајка Тереза.
more