Конто Профит

Достапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: бул.Јане Сандански 79-а лок.10
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7855 км
  • Локација: спроти Бисер, во зградата на Телекабел, под обложувалница Копачка

  • Телефон 2: 02 6091551
  • Работно време: Пон - Пет од 08:30 до 16:30

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1517904040_39.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Порака од основачот

“Навистина најмалку од се би сакал кога некој би не поистоветувал со обична сметководствена фирма или трендовски центар во кои некој, мислејќи дека добива економско-правна логистика за својот бизнис или се обучува, само би си трошел дел од своето скапоцено време. КОНТО ПРОФИТ е многу повеќе од тоа! Јас сум навистина пресреќен со мојот тим и моја најголема желби е колку што е можно повеќе луѓе да профитират од тоа што ние го можеме.

Најдоброто и најубавото нешто, од започнувањето на работа со сопствена компанија е тоа што Вие почнувате самостојно да ја материјализирате визијата на бизнисот за кој сте сонувале, донесувате конечни одлуки и самостојно да судите, што е тоа што е битно за секој Ваш деловен потфат, и воопшто за целиот Ваш бизнис. Вашата материјална и духовна благосостојба се речиси комплетно во Ваши раце. Освен оваа лична сатисфакција, со сопствениот бизнис, Вие сте на добар пат, покрај Вашето, да усреќите и семејства чии членови ќе работат со Вас и ќе ја делат Вашата посветеност кон работата и поставените цели.

За да ја постигнете целта во бизнисот уште во почетокот морате да сте свесни дека, како прво: "за мене сите клиенти ќе имаат еднаков третман и мора да добијат врвна услуга", второ: "кон решавање на неизбежните тековни проблеми ќе пристапувам анлитички, самокритично и со креативен приод", и трето: "на моите соработници постојано ќе им ја јакнам самодовербата потребна да тие да сфатат дека на клиентот можат да му дадат квалитетна услуга".

Мисија

Ваш единствен партнер и комплетен деловен сервис во една бурна и променлива средина: Конто Профит постои за да им овозможи на сите клиенти да се фокусираат на она што најдобро го прават! Концентрирајте се на Вашите главни комптенеции, растот, развојот и оставрувањето на профит и дозволете ние да Ве посоветуваме и да се погрижиме за сите придружни административни работи. Ние Ви нудиме комплетен пакет бизнис услуги кој ги покрива сите потреби на една организација од областа на економско-правниот и финансискиот консалтинг, сметководството, давање на даночни совети, совети врзани со работните односи, застапување пред органите за контрола на УЈП како и мноштво други активности кои Вам би ви одземале скапоцено време и ресурси.

Визија

Да достигнеме највисоко и професионално ниво на услуги на Балканот и да станеме водечка куќа за сметководствени и консалтинг услуги и обуки на стручни кадри од областа на даночното, сметководственото и финансиското работење во Македонија која ќе ја има полната доверба не само од деловните клиенти од земјава туку и од странските инвеститори.

Вредности

Македонска топлина, гостопримство и грижа за успехот на клиентите, Германска упорност и професионализам и Јапонска дисциплина и ефикасност.

Како започнавме?

Друштво за сметководствени, консалтинг услуги, обука на кадри и вештачења, КОНТО ПРОФИТ ДОО Скопје, е основано уште 1992 година, што значи дека постои и работи повеќе од 25 години. Тоа е основано со 100% приватен капитал од страна на основачите - содружници и брачни другари Марија Стрезова Грозданова и Ангелко Грозданов.

Претежна дејност за која во Државниот завод за статистика на Р. Македонија, е регистрирано друштвото, е образование на стручни кадри за деловните субјекти (школа за обука на кадри за практично водење финансиско и материјално сметководство со елементарно познавање на трговското и трудовото право, деловни секретари и странски јазици, медиумски репортери и говорништво).

Да се знае!

Почетоците од делувањето на основачите, се неколку години пред формално правното регистрирање на деловниот субјект под име КОНТО ПРОФИТ доо Скопје, поточно од 1992 година, кога активностите се одвиваа во друштвото ГЕМБАН чија генеза на развој продолжи да ја надградува КОНТО ПРОФИТ доо Скопје.

Првичните активности започнува со извршување на работи од областа на трговското и трудовото право, преку давање сметководствени услуги со консалтинг-совети за трговските друштва, за конечно како шлаг-надградба на овие дејности, да се отпочне со пренесување на нашите низ пракса стекнати и проверени знаења и искуства на сите заинтересирани од разни професионални профили.

Така се дојде до одлука, сите претходни искуства стекнати во давање економско правни и даночни совети како и сметководствени услуги, како во стручните служби на некогашните стопански гиганти така и во новооснованите приватни претпријатија, односно трговски друштва, да се пренесуваат на нови луѓе, како потенцијални кадри за потребите на стопанството во земјата. Ова беше причина поради која дојде до основање на друштво за обука на кадри за деловни и консалтинг услуги, КОНТО ПРОФИТ ДОО Скопје, во кое покрај обуката на сметководители се даваат консалтинг и сметководствени услуги на 80-тина трговски друштва од разни дејности.

Комора на Сметководители

Конто Профит ДОО беше двигател на процесот на креирање на Комората на Сметководители на Ребуплика Македонија при Сојузот на Стопански Комори (ССК). Ние уште од самите почетоци бевме дел од основачите на оваа комора и се јавуваме како иницијатори и катализатори на неколку барања и иницијативи за конечно регулирање и институционализирање на сметководствената дејност.

Сметаме дека сметководството е дејност која има доволно квалитетен човечки потенцијал да го постигне нивото на саморегулација кое колегите од областа на ревизијата веќе го имаат постигнато и активно продолжуваме да работиме на ова поле.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи