Везе Шари - Лецкер

ПаркингWi-Fi ЗонаКлиматизираноДостава

  • Адреса: с.Требош
  • Место: Тетово
  • Оддалеченст: ≈7397 км
  • Локација: Желино

  • Факс: 044 368740

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1415789472_0.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Фабриката за производство на пилешки и говедски месни преработки, трајни и полутрајни сувомеснати производи, ЛЕКЕР е ќерка компанија на Везешари. Од оваа фабрика излегуваат контролирани производи кои го освојуваат пазарот во Македонија и пошироко. Месото кое се користи како суровина е од здравите кокошки од фармата на Везешари. Со меѓународниот стандард ISO 22000:2005 се произведуваат околу 5 тони пилешки и говедски сувомеснати производи.

Основата на процесот на производство ја сочинуваат високо квалитетната суровина, внимателно одбрана според потеклото и квалитетот.

Беспрекорна хигиена и строго дефинирани патишта на движење на суровината и готовите производи се основата на работењето на ЛЕКЕР. Погонот за производство на сувомеснати производи претставува најсовремена инвестиција, почнат со градба во 2005 година. Со производство компанијата започна во јануари 2007 година и капацитет изнесува 5 тони производи од пилешко и говедско месо дневно.

Процесот на производство е со централно дигитален систем за регулација и мониторинг, а се одвива на германска линија и технолошки процес на производство. Согласно потребите на производствениот процес постои климатизиран затворен систем со централна и дигитална регулација на параметрите на воздухот.

Од нашата производствена линија излегуваат следниве производи од пилешко месо:

екстра салама, екстра салама со маслинки, печурки и пиперки, пилешка виршла, димен пилешки деликатес, шунка од пилешки гради, пилешка чајна, пилешки кулен.

Од палетата говедски производи, нудиме:

димено говедско месо, димен говедски деликатес, екстра говедска салама, говедска мортадела, говедски суџук и говедска чајна.

Современите германски рецепти, во комбинација со традиционалните рецепти од земјава, овозможуваат висок квалитет и деликатесни продукти од пилешко и говедско месо.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи