Техно Ауто

ПаркингЈавен превозРаботиме 6 дена во неделатаWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: бул.Јане Сандански 9-А лок.16
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈8150 км
  • Локација: ТЦ 13-ти Ноември, Три Бисери

  • Телефон 2: 02 2463333
  • Факс: 02 2463333
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00
    Саб од 08:00 до 13:30

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1458300915_62.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Проверете зошто сме број 1 на пазарот за пелети и котли и камини на пелети!
Пелетите од нашиот продажен програм се со врвен квалитет, убедливо најквалитетен пелет на пазарот, исклучително калоричен, произведен од чисто дрво со излупена кора!

Контактирајте не за најдобра понуда!

Задоволство ни е да Ви го претставиме, за прв пат на Македонскиот пазар, Висококвалитетниот Хрватски пелет ШИШАРКА, 100% БУКОВ ПЕЛЕТ. Пелет со извонредни карактеристики, кој се извезува за Италијанскиот и Австрискиот пазар.

Пелетите SISARKA EN PLUS A1 КЛАСА се произведуваат од чисто буково дрво на кое што целосно му се отстранува кората, буквално само од срцевина на буката, дополнително дрвото се третира низ високо квалитетна машина со мултициклон за да се отстрани секоја и најмала нечистотија.

Фабриката SISARKA располага со најнова врвна машинерија при производството на пелетите; една од главните карактеристики е високиот степен на компресија (набивање) на дрвената маса при што се добива високо калоричен пелет со голема горивна моќност.

Друга предност е што фабриката SISARKA пред постапката за производство на пелети го мие целосно секое дрво за да се отстранат прашината и песокот кои што се лепат на дрвото при неговото растење во природата.

ПЕЛЕТИ СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ, УБЕДЛИВО НАЈКВАЛИТЕТЕН ПЕЛЕТ НА ПАЗАРОТ, ИСКЛУЧИТЕЛНО КАЛОРИЧЕН И СО МНОГУ МАЛ ОСТАТОК НА ПЕЛЕТ. ПРОИЗВЕДЕН ОД ЧИСТО ДРВО СО ИЗЛУПЕНА КОРА!! 100% БУКОВ ПЕЛЕТ

Висококвалитетен Хрватски пелет ШИШАРКА А1
– 100% Буково дрво
– Висока А1 Класа
– високата калорична вредност 5,57 kWh/kg
– низок остаток на пепел: 0,58%
– ниската влажност: 5,96%
– Сертифициран според најстрогите Европски стандарди (Анализа CATAS)

Пелетите SISARKA EN PLUS A2 КЛАСА сертифициран според најстрогите Европски стандарди како Висока А2 Класа на пелет, неизбежно припаѓа на А1 Класа на пелети.

Висококвалитетен Хрватски пелет ШИШАРКА А2
– 100% Буково дрво
– Висока А2 Класа
– високата калорична вредност 5,51 kWh/kg
– низок остаток на пепел: 0,68%
– ниската влажност: 5,96%
– Сертифициран според најстрогите Европски стандарди (Анализа CATAS)

Ви нудиме висококвалитетен пелет и од друг бренд кој ние го работиме во континуитет веќе неколку години:

SPARROW – Српски пелет А2 Класа, по состав 75% бука 25% смрека или елка, со излупена кора.

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Греењето на пелети во моментов е апсолутен хит бидејќи е два пати поевтино од греењето на нафта и струја, а дури и до три пати поевтино од греењето на индустриска струја. Со нашите котли и камини на пелети заштедувате, а сте потполно стоплени во секое време. Користењето и одржувањето на котлите и камините THERMOFLUX PELLING И INTERIO е многу едноставно како поради нивната конструкција така и поради самите физички карактеристики на пелетите (калориската моќност)

Пелетите се биогорива со голема густина од каде што произлегува и нивната голема калориска моќност (4,7-5,0 kWh/kg) и огромна горивна ефикасност.

Пелетите, вообичаено се спореден производ настанат при обработка на дрво, дрвени остатоци и пилевина, но не и од дрва кои биле хемиски третирани или боени.

Овие дрвени остатоци минуваат низ повеке фази додека да се преобразат во квалитетни пелети. За да настанат квалитетни високо ефикасни пелети дрвените остатоци мора да ја поминат следнава приказна :

-сушење на дрвените остатоци
-дробење и мелење на материјалот со цел да се добие што покомпактна маса
-компресирање (пресување) под висок притисок без додавање на било какви средства за врзување
-компримираната маса потоа минува низ калап којшто има отвори со соодветна големина отприлика 6-8мм
-високиот притисок на пресата предизвикува зголемување на температурата на дрвото и со тоа лигнинот содржан во дрвото се топи и формира природен лепак којшто ја одржува -постојана формата на пелетите по ладењето.
-Пелетите кои се произведени според актуелните европски стандарди (DIN 51731 or Ö-Norm M-7135)
-Имаат добра структурна цврстина, подеднаква висока густина и ниска содржина на влага (под 10%) со што се зголемува нивната горивна ефикасност.

Нивната мала големина и правилна геометрија (кратки цилиндри со дијаметар 6-10мм и должина 10-30мм) дозволуваат автоматско снабдување на горилниците и многу прецизно подесување на автоматиката на котлите и камините на пелети.

Живееме во време кога цените на нафтата и гасот постојано растат, а нивната набавка е се понесигурна, така што обновливите енергенти како што се пелетите го доживуваат својот процут.

Греењето на пелети е едноставно и елегантно, нема да ве оптеретува нити со транспортот, нити со просторот, нити со начинот на полнење и ракување со котелот (каминот) на пелети, а ќе ги сведе на минимум вашите трошоци за греење.

Пелетите се најчистото цврсто гориво и се CO2 неутрални. При нивното согорување количината на пепел која се создава е минимална (само 10kg на 1ton согорени пелети), а нема речиси никаква емисија на штетни гасови во воздухот.

Пелетите кои што ги продава ТЕХНО АУТО се од висока А класа, што означува дека се произведени по сите постоечки европски и светски стандарди, 100% природни, со влажност помала од 10%, со голема калориска моќност и висока горивна ефикасност.

Спакувани се во цврсти непропустливи пластични вреќички од 15 кг, практични за транспорт и складирање. Оваа зима прегрнете ја топлината на просторот во кој што живеете и обезбедете си поевтино и поудобно греење на Вашиот дом или деловни простории со топловодните котли и камини или пак дувалки на пелети од реномираната фирма THERMOFLUX чиишто генерален застапник за Македонија е ТЕХНО АУТО.
повеќе
12%заштеда
Цена со ДДВ:182.500 ден.160.600 ден.

КАМИН ПЕЧКА НА ПЕЛЕТИ / KAMIN PECKA ...

12%заштеда
Цена со ДДВ:135.100 ден.118.888 ден.

КАМИН ПЕЧКА НА ПЕЛЕТИ / KAMIN PECKA ...

12%заштеда
Цена со ДДВ:312.000 ден.274.560 ден.

КОТЕЛ (ПЕЧКА) НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX ...

12%заштеда
Цена со ДДВ:256.875 ден.226.050 ден.

КОТЕЛ (ПЕЧКА) НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX ...

12%заштеда
Цена со ДДВ:184.602 ден.162.450 ден.

КОТЕЛ (ПЕЧКА) НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX ...

12%заштеда
Цена со ДДВ:174.602 ден.153.650 ден.

КОТЕЛ (ПЕЧКА) НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX ...

12%заштеда
Цена со ДДВ:274.660 ден.241.701 ден.

АВТОМАТСКИ КОТЕЛ НА ПЕЛЕТИ THERMOFL ...

12%заштеда
Цена со ДДВ:115.500 ден.101.640 ден.

КАМИН ПЕЧКА НА ПЕЛЕТИ / KAMIN PECKA ...

12%заштеда
Цена со ДДВ:137.615 ден.121.101 ден.

КОТЕЛ НА ПЕЛЕТИ / KOTEL NA PELETI T ...

12%заштеда
Цена со ДДВ:141.704 ден.124.700 ден.

КОТЕЛ (ПЕЧКА) НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX ...

5%заштеда
Цена со ДДВ:9.779 ден.9.290 ден.

PEKPAN Панелни радијатори 600mm x ‎ ...

5%заштеда
Цена со ДДВ:6.126 ден.5.820 ден.

PEKPAN Панелни радијатори 600mm x ‎ ...

5%заштеда
Цена со ДДВ:5.210 ден.4.950 ден.

ПАНЕЛНИ РАДИЈАТОРИ PEKPAN 600mm х 1 ...

5%заштеда
Цена со ДДВ:4.326 ден.4.110 ден.

PEKPAN Панелни радијатори 600mm x ‎ ...

4%заштеда
Цена со ДДВ:6.552 ден.6.290 ден.

ПАНЕЛНИ РАДИЈАТОРИ PEKPAN 900mm х 8 ...

4%заштеда
Цена со ДДВ:7.865 ден.7.550 ден.

ПАНЕЛНИ РАДИЈАТОРИ PEKPAN 900mm x 1 ...


Видете ги нашите производи на
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи