Стед комерц

Работиме 6 дена во неделатаWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Ордан Пиперката 12-а
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈10687 км

  • Телефон 2: 02 3112356
  • Факс: 02 3112356
  • Работно време: Пон - Пет од 07:30 до 15:30
    Саб од 07:30 до 13:30

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1416821833_93.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Стед комерц е претпријатие за одржување на хигиена во деловни и станбени простории, кое веќе 31 години е присутно во Република Македонија. Со својата менаџерска, техничко-технолошка и кадровска структура на високо квалификувани хигиеничари од секаков профил, нашето претпријатие е максимално спремно да одговори на сите предизвици од областа на хигиената.

Услуги:

• Генерално чистење на поголеми објекти (индустриски хали, спортски сали, сервиси, ресторани, хотели и др.)
Стед Комерц се истакнува во воведување на трендот превземање на континуирано одржување на хигиена во помали и поголеми институции кое се одвива во два модела (одржување на хигиената со свои хигиеначарки или со превземање на вашите постојни хигиеничарки кои посебно се обучуваат за употреба на нашите современи машини, средства и материјали).

• Континуирано чистење на поголеми и помали деловни објекти

• Чистење на секакви видови стакло без разлика на височината и неговата загаденост
ДТУ Стед Комерц е прва компанија во Република Македонија која го донесе искуството за чистење на недостапни стаклени површини и денес може да се пофалиме дека за нас нема недостапно стакло благодарение на одлично обучениот тим и најбезбедната опрема (сертифицирана алпинистичка опрема, атестирани скелиња и скали, дополнителна заштитна опрема од појаси како и најсовремени алатки за чистење на стакло).

• Генерално чистење на разновидни тенди, настрешници и ролетни без разлика на нивната загаденост и висина
Генералното чистење на ПВЦ тендите, настрешниците и ролетните го вршиме со најсовремено средство (наша деловна тајна), кое не само што чисти туку и заштитува од прерано оштетување, а за достапноста немаме никакви проблеми благодарение на најсовремената опрема и машини кои ги поседуваме и стручно обучениот тим за работа на висина.

• Чистење на станови
При чистењето на индивидуалните станови имаме постигнато врвни резултати поради фактот што секоја година бројот на корисници на оваа услуга се повеќе се зголемува, а го вршиме исклучително со тим од најмалку двајца работници. Овој тип на услуга најчесто претставува генерално чистење со најсоверемени средства за чистење и дезинфекција и секако RAINBOW обработка која не е вклопена во цената од ценовникот, односно ви доаѓа гратис.

• Чистење на заеднички простории во станбени згради (влезови)
Стед Комерц е еднинствено претпријатие во Македонија кое максимално се посвети и ја оддржува оваа дејност која е и историска за ова претпријатие како прва дејност со која се појави на нашиот пазар.

• Машинско чистење на цврсти подни површини (мермер, гранит, терацо, линолеум и др.)
• Машинско чистење на теписи и теписони на самото место со RAINBOW и WAP машини

Наше најголемо задоволство е што како компанија имаме добиено голем број на пофалби за врвниот квалитет на услугите кои ги нудиме токму од вас и благодарение на тоа ја стекнавме довербата на голем број задоволни корисници на нашите услуги.


повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи