Slovenika


  • Address : 11-ti Oktomvri 14 lok.6
  • Place: Skopje


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1638367166_84.png?t=true&w=300&h=300


Словеника е новооснована издавачка куќа, основана од ентузијасти кои сакаат внесат промени и да им понудат нешто ново на читателите во нашата земја.

Нашата визија е да го донесеме најдоброто од светската литература кај нас. Намерата ни е да го издадеме сето тоа што е добро во блиската и далечната литература, а од која било причина не се превело или објавило кај нас. Во тоа особено се вклучени народните литератури, класиците и најдоброто од современата литература од сите земји на светот. Исто така, насочени сме кон тоа да објавуваме и врвни научни дела од целиот свет. Особен фокус ни се тие што поврзани со нашата култура, јазик и историја, но интерес ни се и ретки и интересни научни дела кои имаат светско значење. Словеника има намера да издава и ретки и стари книги од областа на белетристиката. Освен тоа, издаваме и популарни наслови, главно од ентузијасти кои пишуваат за општествени теми што засегаат наши културни прашања, настани, дејци итн. Словеника издава и сценарија.Конечно, Словеника е заинтересирана и да работи со наши млади автори.

more

Login on Golden Page

UsernamePassword



New user ? | Forgot your password? | Cancel