Rehau

Wi-Fi ZonëAir-kondicioner

  • Adresa: Boris Trajkovski (Prvomajska) 7 p.n.
  • Vendi: Shkup
  • Distanca: ≈10688 км
  • Lokacioni: патот за Пинтија, пред Охис сврти лево

  • Telefon 2: 02 2460459
  • Faksi: 02 2403444
  • Orari i punës: Ha - Pr nga 08:00 deri më 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1619700835_33.jpg?t=true&w=300&h=300


Foto dhe video galeri

Материјалот ПВЦ: издржлив, отпорен на временски услови и лесен за одржување.

Извонредна можност за обликување, апсолутна слобода на дизајнот и оптимален сооднос помеѓу цената и перформансите – сето ова зборува за прозорците и вратите од висококвалитетен ПВЦ. Нашите профили дополнително се оплеменети со посебна високосјајна површина ХДФ (high definition finishinig).

Оваа екстра мазна површина речиси е целосно отпорна на нечистотија. Исто така, одржувањето на прозорците и вратите е брзо и лесно: Еднаш годишно се подмачкува оковот со капка масло од домаќинството, а дихтунзите со силикон.

• Прозорци СИНЕГО (SYNEGO)

ПВЦ-систем на профили со длабочина на вградување од 80 mm и Uf-вредност до 0,94 W / m²K

Прозорците СИНЕГО се најдобриот избор за клиенти, кои дават значење на енергетската ефикасност. Покрај Uf-вредноста од до 0,94 W/m²K, системот се докажува со својата економичност и многубројните варијанти за дизајн.

• СИНЕГО (SYNEGO) Влезни врати

Систем на профили со длабочина на вградување од 80 mm и Ud-вредност до 0,82 W / m²K

Дизајнирани за оков со класа на заштита RC3, влезните врати СИНЕГО нудат одлична заштита од провали. Со нивната топлинска изолација, висока звучна изолација, долговечност и широка палета на бои, овие влезни врати ги исполнуваат барањата и на инвеститорите со високи побарувања.

Предности:
- Извонредно дихтување и изолација
- Голема стабилност и долготрајност благодарение на челичното армирање
- Слободен избор на исполни за врата
- Без бариери
- Висока безбедност од провали
- Достапни во сите варијанти на бои од КАЛЕИДО КОЛОР, освен КАЛЕИДО ВИЗИОН

• Подигачко-лизгачки врати СИНЕГО (SYNEGO)

ПВЦ-систем на профили со длабочина на вградување од 80 mm и Uf-вредност до 1,3 W / m²K

Како прозорците и влезните врати СИНЕГО, така и подигачко-лизгачките врати имаат извонредна заштита од провали.

Предности:
- Голема удобност при користење, благодарение на висококвалитетните дихтунзи
- Панорамска варијанта со ширина на премин од 5 m
- Можна ширина на елементите од 10 m и висина на елементите до 2,70 m
- Достапни во сите варијанти на бои од КАЛЕИДО КОЛОР освен КАЛЕИДО ВИЗИОН

• Прозорци СИНЕГО НЛ (SYNEGO NL)

ПВЦ-систем со традиционален изглед на дрво, со длабочина на вградување од 120 mm

Прозорците СИНЕГО во ништо не заостануваат зад дрвените прозорци – дури и ги надминуваат во однос на издржливоста.

Предности:
- Широка палета на профили
- Заштита од провала до RC3
- Заштита од провев и влага, благодарение на специјалниот систем за дихтување што истовремено се грижи за оптимизиран притисок на затворање.
- Достапни во сите варијанти на бои од КАЛЕИДО КОЛОР освен КАЛЕИДО ВИЗИОН


• Прозорци ЕУРО 70 (EURO 70)

Прозорски систем со длабочина на вградување од 70 mm

Нашиот прозорски систем Еуро Дизајн 70 нуди широк избор на можности за дизајн. Благодарение на неговата длабочина од 70 mm, тој е совршено погоден за стари градби.

Предности:
- Повеќе простор во магацин, благодарение на истите челични армирања на рамот и крилото.
- Достапни во сите варијанти на бои од КАЛЕИДО КОЛОР освен КАЛЕИДО ВИЗИОН

Обединува дизајн и функција:

• РАУЦЕРО – со висина на прагот од 0 mm

Предности:

- Лесно чистење
- Оптичка атрактивност
- Совршено прилагоден на РЕХАУ системите на куќни и балконски врати
- Оценет како најдобро решение во критериумот „лесна преминливост “ од страна на ифт Розенхајм
më shumë
Retail Price - VAT Included:Ask for price

RAUTITAN - home plumbing system

Retail Price - VAT Included:Ask for price

WINDOW PROFILE GENEO

Retail Price - VAT Included:Ask for price

Plastic shaft

Retail Price - VAT Included:Ask for price

Sewage pipes

Retail Price - VAT Included:Ask for price

ROOM REGULATOR TEMPERATURE


Shikoni prodhimet tona në
Mapa

Hyni në Librin e Artë

Emri i përdoruesitFjalëkalim



Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj