Radio Kafe Kanal 77

Parking7 days a weekAirconditionedCards accepted

  • Address : 5-ta Partiska Konferencija 9/8
  • Place: Stip
  • Distance: ≈7920 км

  • Telephone 2: +389 78 500077
  • Working Hours: Mon - Thu from 08:00 to 00:00
    Fri - Sat from 08:00 to 01:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1594118464_44.png?t=true&w=300&h=300


Photo of Location
Ресторанот започна со работа на 22.12.2010 година и за неверојатно кратко време стана име кое претставува синоним за вкусна храна и пријатен амбиент.

Во пријатниот амбиент на Радио Кафе Канал 77 ќе ги почувствувате спокојот и мистичноста на еден поинакаков начин далеку од градската врева во поинаква и убава атмосфера.

Не е лесно да се опише атмосферата на овој ресторан, кој навистина вреди да се посети или барем да се почувствува интимноста на неговата убава тераса која нема да ве остави рамнодушни.

Ресторанот се карактеризира со гурманско разбирање за здрава храна која вкучува првенствено високо-квалитетни состојки и здрава подготовка.

Покрај внатрешниот дел, ресторанот располага со голема покриена летна тераса, збогатена со многу зеленило,детско катче, приватен паркинг кој го задоволува капацитетот на сите гости.

“Разбудете ги Вашите сетила за вкус” е нашето мото.

Капацитетот на ресторанот е 100 столици или вкупно 140 лица во затворен простор и 210 столици на отворен простор. Вкупниот капацитет на летната сцена е 2000 луѓе за големи манифестации.

Радио Кафе Канал 77 организира:

– Дипломски забави (подготовката на менито е флексибилно поради различните барања на клиентите)
– Матурски вечери (подготовката на менито е флексибилно поради различните барања на клиентите)
– 8ми Мартовски забави (подготовката на менито е флексибилно поради различните барања на клиентите)
– Св. Валентин – огранизација на настан во кој со мал гест од ваша страна ќе оставите поинаков впечаток кон вашите сакани (подготовката на менито е флексибилно поради различните барања на клиентите)
– Дочек на Нова и Стара Година
– Промоција на брендови
– Концерти
– Модни ревии

Радио Кафе Канал 77 ве води на едно поразлично пријатно патување. Дојдете, посетете не!
more
Photo of Location
Map

Login on Golden Page

UsernamePassword



New user ? | Forgot your password? | Cancel