Пнеуматик груп

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Илинденска б.б.
  • Место: Тетово
  • Оддалеченст: ≈7820 км
  • Локација: во близина на средното медицинско училиште

  • Телефон 2: 078 366636
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 19:00
    Саб од 08:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1520261827_2.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

ПНЕУМАТИК има многу широк асортиман на производи од областа на гумарската индустрија. Официјален застапник е за пневматиците од брендовите MICHELIN, GOOD YEAR, CONTINENTAL, DUNLOP, PIRELLI, KLEBER, COOPER, FULDA, SAVA, TIGAR, DEBICA, BKT и MENTOR. Екслузивен застапник е за алуминиумски фелни од програмата на светски познатите OZ-RACING. Исто така, е и официјален застапник за акумулатори од брендот ENERGIZER.

Производи:
• Гуми за мотори, АТВ и картинг
• Патнички гуми
• Товарни и камионски гуми
• Индустриски и земјоделски гуми
• Алуминиумски фелни
• Акумулатори
• Тегови, штрафови и друго

За целосно задоволување на потребите на купувачите, ПНЕУМАТИК разви одлична палета на услуги. Една од екслузивните услуги кои ги нуди на своите клиенти е чување на зимски, односно летни гуми – пневматици, во идеални услови во сопствени магацини.

Компанијата ТДА ТРЕЈД е основана во 1991 година како увозник и дистрибутер на гуми (пневматици) за сите видови на возила во Македонија.
За кус период стана лидер на македонскиот пазар на пневматици. Доказ за квалитетната и успешна работа е рангирањето на компанијата во 200-те најуспешни деловни субјекти во Македонија во изминативе 10 години. Со цел да ги задоволи специфичните потреби на сите свои клиенти, во 2003 година, компанијата ТДА ТРЕЈД ја подели палетата на услуги на две различни компании. Така, малопродажбата беше ребрендирана под името ПНЕУМАТИК, додека ТДА ТРЕЈД остана одговорна за големопродажба на гуми во Македонија. Се трудиме секогаш на нашите ценети потрошувачи да им ги понудиме најдобрите цени на гуми во Македонија.

ПНЕУМАТИК располага со три сопствени услужно-продажни објекти во Скопје, еден во Битола и еден во Тетово. Во Штип и во Кичево функционираат партнерски сервиси кои го носат името Пнеуматик добиено по пат на франшиза. Сите објекти се опремени со најсовремени машини и посебно обучен кадар кој ќе ви помогне во најкус можен рок да ги надминете и решите сите проблеми поврзани со вашите пневматици.

Во текот на досегашното работење ТДА ТРЕЈД и ПНЕУМАТИК развија и одлична дистрибутерска мрежа низ целата држава, со која ги покриваат сите поголеми градови. Денес, ТДА ТРЕЈД и ПНЕУМАТИК ја продолжуваат својата мисија – секогаш да бидат во чекор со новитетите во својата област, нудејќи производи и услуги достапни за секого.

ПНЕУМАТИК - Сигурен избор!
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи