Панада

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаРаботиме 7 дена во неделатаРаботиме нон-стопКлиматизираноПлаќање со кредитни картичкиДостапно за хендикепирани лица

  • Адреса: с.Орешани
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7870 км
  • Локација: Орешани, Зелениково


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1581418041_53.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

„Панада“ е дом со традиција и огромно искуство. 16 години дава беспрекорна нега и грижа. „Панада“ е прв дом за стари лица по сите стандарди во нашата држава со најголемо искуство во својата работа!

„Панада“ е објект на 8 нивоа со многу природна светлина во внатрешноста. Сместен на површина од 2510 m2. Вкупната квадратура на установата изнесува 600 m2 и канцеларијата со магацински простор 180 m2

„Панада“ е приватна професионална установа за нега и грижа на изнемоштени, стари и болни лица. Лоцирана на само 20 минути од центарот на Скопје, во викенд населбата Орешани. Во прекрасна и зелена средина, недалеку од р.Вардар . Изолирана од градската врева и загаденост.

За вас или вашите најблиски изнемоштени, болни и стари лица овозможуваме 24 часовна медицинска нега и грижа, со тим составен од искусни медицински сестри, геренто-домаќнки и физиотерапевти, кој со широка насмевка ќе ви помогнат во секој момент. Секој четврток (т.е еднаш во неделата) доаѓа интернист специјалист кардиолог субспецијалист, во домашна посета и прави ЕКГ, зимање крв, препишување терапија, ревидирање на постојната терапија, комплетен интернистички и кардиолошки преглед.

Во употреба е и најсовремена апаратура за физикална терапија која допринесува опоравување од безброј болести и состојби . Физиотерапевтот со мануелните масажи, активните и пасивните вежби , масажите со електрични масажери, вертикализацијата , разодувањето и раздвижувањето со сите видови помагала па се до постабилно движење, ќе ви овозможи да се чувствувате многу години помлади, посреќни и позадоволни.

Панада поседува амбулантно возило, достапна амбуланта и два матични лекари.

Персоналот во Панада се состои од медицински сестри, геренто-домаќинки, готвачи, помошничкии готвачки, перачки, хигиеничарки, и физиотерапевт. Бројот на вработени во една смена е соодветен на законски пропишаниот услов

ПАНАДА ГО ПРОДОЛЖУВА ВАШИОТ ЖИВОТ

Наша Мисија

Им ја даваме на постарите лица љубовта и грижата кои им се потребни.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи