Орион Инженеринг

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Љубе Грујоски 1
  • Место: Прилеп
  • Оддалеченст: ≈8200 км
  • Локација: Кај катната гаража

  • Телефон 2: 075 458660
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/901efca5b99d83e688eb2113dfeb6a1a.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ е компанија за проектирање и изработка на метални калапи и алати за изработка на производи од лим, алуминиум полимери, изработка на резервни делови за разни машини и апарати и други разни услуги поврзани со обработка на метали и неметали.

Услуги:
• Стругање, ЦНЦ стругање
• Глодање, ЦНЦ глодање
• Електроерозија со електрода, ЦНЦ електроерозија со жица
• Брусење
• Гравирање
• Штанцање
• Термичка обработка
• Машинска обработка на мали и средни серии
• Машино-браварски услуги
• Замена на клипни вретена на хидаулични клипови
• Останати услуги како ремонт на пумпи, редуктори, хидраулични клипови и сл.

Производство:
Резервни делови по порачка за разни машински констукции по пример, без техничка документација и по сопствена техничка документација во писмена или електронска форма (примаме порачки по интернет) како на пример:
• Осовини, ракавци и вратила
• Цилиндрични запчаници со прави и хеликоидни заби,назабени вратила
• Ланчаници
• Нутови и осовини и полуосовини со нутови
• Клинести и запчести ременици
• Полжавни парови

Од разни видови материјали како челици со разни квалитети, алумуниум, бронза, месинг, пластика, композитни материјали и др. Исто така изработуваме делови и опрема од ИНОКС – прокрон за потребите на прехрамбената индустрија во нашата област.

ТРГОВИЈА:
Во склоп на нашата компанија работи и продавница во која се врши трговија на на мало со следното:
•акумулатори
•Надворешни и внатрешни гуми за автомобили, камиони и земјоделски машини
•разни видови моторни и индустриски масла и масти
•филтери
•навртки и завцртки со машинска глава, имбус, со конусна глава, без глава, саморезни, брунирани, поцинкувани, месингани, инокс со квалитет 8.8 до 12.9
•завртки и навртки за камионски тркала како брезони, трилекси, европа навртки
•автоделови и автокозметика
•резервни делови за земјоделски машини како трактори, комбајни, преси и земјоделска механизација како брани, плугови, ротациони косачки 135 и 165, прскалки, ѓубрерастурачи, молзачки, сеалки и сл. и друга замјоделска опрема
•разни видoви каиши
•разни видoви лагери ПФИ за општа намена,лагери за автомобилски тркала и затегачи
•механички заптивки за пумпи НГП, сите видови семеринзи, шнуреви, клингерит, графитни пиксни
•хидраулични и пневматски манжетни и сетови, брисачи, о прстени и сл.

Разни алати како:
• Алати за лиење пластика
• Алати за бризгана пластика
• Алати за пробивање, виткање и просекување на лимови
Изработката на алатот се врши према пример, идеја, врз основа на наша сопствена или доставена конструкција од страна купувачот, по договор. По желба може на се нарача и готов производ за кој ќе изготвиме техичка документација. Со оглед на нашите можност за изработка на алати на нашите клиенти им нудиме можност за изработка на делови од лим, челик или пластика до 60гр. при што трошоците за одржување на алатот ги сноси нашата компанија.

• Изработка на машински конструскции по порачка
• Елеватори со помали димензии (Ф110х6000 мм)
• Громобрани
• Изработка и монтажа на прохромска ограда
• Сопствено производство на браварски ментешиња
• Сопствено производство на земјоделска опрема како : трокрилни и четвотокрилни брани, ралници(емеши), клинови за брани, штици, оплати како и • резервни делови за агарагната дејност (комбајнски делови, делови за преси)

Производната програма ја следат современи машини (ЦНЦ глодалка, ЦНЦ струг, ЦНЦ ерозимат со жица) кои овозможуваат квалитетно производство со високопрецизни конструктивни карактеристики. ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ поседува опрема и стручен кадар за проектирање во најсовремени ЦАД-ЦАМ софтвери (MASTERCAM X7) така да изработката на делот или алатот може да ја спроведи од идеја до реализација.

Почетокот на ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ датира од 1993 година кога компанијата работеше како мала машинска работилница под друго име. Во почетокот основна дејност на фирмата беше изработка на резервни делови за земјоделски машини, како и класични машински услуги. Поминувајќи низ разни фази на неповолни и поволни услови во стопанството нашата инженерско – занаетчиска работилница успеа да се афирмира со својот препознатлив имиџ и да си го најде местото во металската индустрија. Денес, ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ е компанија со околу 30 вработени со тенденција за зголемување на знаењето и бројот и обученоста на вработените, проширување на асортиманот на услугите и производите, освојување на нови сегменти од пазарот и стално усовршување на менаџерскиот тим на фирмата. На чело на компанијата се наоѓа инженерски тим кој при конструирањето и производството се труди да во што поголема мера ја искористи современата технологија која обезбедува заштеда на време, зголемена производност и подобрен квалитет користејки ги современите софтверски пакети и ЦНЦ машинските обработливи центри, а не запоставувајќи ги традиционалните методи на обработка.
повеќе
Цена со ДДВ:40 ден.

CNC обработка

Цена со ДДВ:40 ден.

CNC обработка


Видете ги нашите производи на
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи