Радиус (100км)

Лагермакс

ПаркингПлаќање со кредитни картичкиДостава

  • Адреса: М.Т.Гологанов 147 лок.4
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈9155 км
  • Локација: спроти ТЦ Олимпико

  • Факс: 02 3083203
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00
    Саб од 08:00 до 13:00



Слика од локација

Фото и видео галерија

Лагермакс Скопје има повеќе од дваесетгодишно искуство во работењето со лежишта од сите индустрии. Постоиме од 1995-та година, и во моментов имаме пет вработени.

Наша основна дејност е застапување и дистрибуција на производи од програмата на Schaeffler Group од Германија. Ова ги вклучува брендовите INA и FAG и дистрибуција на производи од програмата на Timken USA. Имаме константна локална понуда на производи која се оддржува и расте, и е тука за поефикасно и брзо снабдување на клиентите.

Лагермакс исто специјализира и во областа на специјалните лежишта кои се испорачуваат од разни производители од целиот свет, и се за клиенти со специјални потреби.

Ние сме ви на располагање 24 часа во денот, и тука сме за да ви помогнеме да го задвижите вашиот свет.


Понуда:
Примарна функција на Лагермакс е застапување и дистрибуирање на производи од Schaeffler групацијата. Тука се брендовите FAG и INA. За овие лежишта обезбедуваме и 24-часовна техничка поддршка.

Особено специјализираме во набавување и испорака на специјални лежишта за клиенти со посебни потреби и лежишта кои веќе не се произведуваат.

За сите барања даваме одговор за евентуална можност за испорака во рок од 24 часа.

Лепезата на производите кои ги нудиме вклучува:
• Лежишта
• Семеринзи
• Куќита
• Масти
• Професионални алати за монтажа.

Нудиме лежишта за разни индустрии. Тие ги вклучуваат следните:
• Автомобилска
• Рударска
• Железарници
• Топилници
• Индустрија за производство на струја.


Главен акцент на продажбата е во рамките на индустриските лежишта каде FAG Германија го држи лидерското место ов однос на квалитетот.

Ве молиме контактирајте не ако имате некакви прашања.


Брендови:
FAG - Schaeffler KG
Брендот ФАГ започна со генијална идеја. Кога во 1883-та година Фридрих Фишер ја конструираше првата машина за обликување кугли во Швајнфурт, Германија, за прв пат беше возможно да се прават совршено овални кугли. Оваа иновација се смета за основа на индустријата на лежишта, и поради ова ФАГ се смета за пионир во индустријата за тркалачки лежишта.


INA - Schaeffler KG
Веќе со децении, ИНА се залага за креативни иновации, инженеринг и експертиза, како и одлични односи со клиентите. Др. Георг Шафлер, кој во 1949-тата година го конструираше првите игличести лежишта допринесе тие да имаат индустриски пробив. Таа иновативност е пренесена до денешен ден и е присатна во повеќе од 35-те фабрики низ целиот свет.


Timken
Тимкен постои од 1898-ма година, и е еден од најголемите производители на лежишта од Соединетите Американски Држави. Основана е од Хенри Тимкен, кој го патентирал расклопливото лежиште. Денес Тимкен е една од водечките светски производители со преку 26.000 соработници во 27 земји.

Revolvo
Името Револво е синоним за иновативност, решавање проблеми и инвентивност.

Eich
Eich е основан во 1915-тата година, како металопреработувачка работилница. Низ годините, Ајх прерасна во признаен светски производител и добавувач на индустриски специфични лежишта.
повеќе
Слика од локација
Мапа
Купони

Логирај се на Златна Книга

Логираните корисници користат бенефити од купони за попуст, контакт со бизниси, листа на омилени места, коментари, оцени и друго.

Корисничко име:Лозинка:


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи