Kolor master ekspert


  • Adresa: Boris Trajkovski (Prvomajska) 164
  • Vendi: Shkup
  • Distanca: ≈8152 км
  • Lokacioni: Усје


    //1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1725971449_11.jpg?t=true&w=300&h=300


    Нудиме технолошки напредна опрема и системи за нанесување на течни и прашкасти слоеви на површини. Нашите производи се сигурни и економични алатки за нанесување на премази и малтер.Со нашите иновации и ефикасни решенија поставуваме нови стандарди во технологијата на површинската обработка - на овој начин ги правиме предностите на најновата технологија вистинска придобивка за нашите клиенти.

    Услуги:
    - Течно Боење
    За површини со одличен сјај, течната облога е најдобриот избор за речиси сите подлоги. Со широкиот избор на соодветни материјали и богата палета на бои, вклучувајќи металик, бои со висок сјај и специјални ефекти, практично нема ограничувања за прилагодување на површините. Со употреба на течните бои, може да се подобри отпорноста од корозија или пожар.

    Електростатика нуди автоматско и рачно нанесување на течни бои со користење на различни технологии за атомизација (без воздух, AirCoat, airspray, висока ротација). Нашите системи вклучуваат механички и електронски решенија за мешање и дозирање на материјали од 2K до 4K, високо-перформантни пумпи, модуларни кабини и лесно управувани контролни единици. Сигурноста, издржливоста и квалитетот на површината се во примарниот фокус на сите наши решенија.

    - Прашесто боење
    Прашокот за премачкување овозможува премази од највисок квалитет за широк опсег на површини. Клучните придобивки за успех во индустриското премачкување со прашок се одличниот изглед и чувството на облогата, долготрајната издржливост и високата економска ефикасност на процесот. Облогата со прашок нуди широк спектар на бои и површински ефекти.

    Електростатика нуди високо ефикасни стандардни производи и специфични решенија. Од рачни алати за премачкување до напредни системи за автоматско премачкување со прашок. Без разлика дали се стандардизирани или прилагодени на вашите потреби, нашите производи и системи нудат разновидни можности за примена, брзо менување на бојата и ефикасна технологија за доплнување и нанесување на прашокот.
    më shumë
    Mapa

    Hyni në Librin e Artë

    Emri i përdoruesitFjalëkalim



    Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj