Карат-М

Работиме 6 дена во неделатаДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Благоја Стефковски 23
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7205 км
  • Локација: н.Маџари

  • Телефон 2: 02 2531800
  • Факс: 02 2530770
  • Работно време: Пон - Пет од 10:00 до 17:00
    Саб од 10:00 до 14:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/6058557938fb2ebb7bc5cd640efa3e56.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Карат-М нуди голем избор на репроматеријали и услуги за моделот на изработка “НАПРАВИ САМ”.

Кујните ги изработуваме по нарачка според димензии на просторот, потребите и условите. Нудејќи максимална функционалност, кавлитет споени во дизајн за кој изработуваме и 3D скица. Цената варира според изборот на материјал и типот на оков вграден во кујната.."

Со нашиот спектар на материјали, бои и оков со кој располагаме можете да создадете убав, удобен и квалитетен простор за домување и работа. Ваше е само да ја разработите идеата, а ние ќе Ви понудиме и помогнеме околу изборот на МАТЕРИЈАЛИТЕ:
• ОПЛЕМЕНЕТА ИВЕРКА: од познатите производители Лесна, Алфавуд, Егер, Старвуд , Фалко и Кроношпан
• МЕДИЈАПАН: суров, оплеменет и флексибилен
• ПАНЕЛИ СО ВИСОК СЈАЈ: медијапански панели оплеменети со Акрилна фолија и медијапански панели оплеменети со PVC фолија
• ФУРНИР: фурнирана иверка и фурниран медијапан
• ЛЕСОНИТ: HDF плочи со повеќе нијанси и димензии
• ПОСТФОРМИНГ ВРАТИЧКИ: со голем избор на нијанси
• РАБОТНИ ПЛОЧИ: со различни димензии и квалитет (влагоотпорни, водотпорни и стандардни)
• ОСТАНАТИ ПЛОЧИ: Сировинска иверка, LSB плочи и Еуро панел.

За да можете да ја реализирате Вашата идеа тука сме да Ви ги понудиме најсовремените МЕХАНИЗМИ и останати АКСЕСОАРИ за мебел, како:
• КАНТ ТРАКА:PVC, ABS, Фурнирана, Алуминиумска, Трака со висок сјај, Дизајнирана трака. Со соодветни димензии и дебелини.
• МЕДИЈАПАНСКИ ЛАЈСНИ: со различни форми, дезени и нијанси (во мат и сјај варијанта).
• ОКОВ: шрафови, типли, ексцентри, метални и пластични аголници, различни модели на спојни елементи и држачи, ногари, тркалца, закачалки, рачки, брави, шарки, амортизери, шини за фиоки, елементи за вградувањеа (корпи, решетки, вагонетки), заштитни лајсни, т-лајсни, шини за лизгачки врати, рачки лајсни, п-лајсни, механизми за лизгање, сет кабли, дистанцери, базични системи за кревети со нагорно отварање, латофлекс и тн.
• МИЈАЛНИЦИ И ЧЕШМИ: ростфајтни и гранитни со различни дезени, димензии и бои.

Но за идеата непречено да се реализира и истата да се стави во функција Ви ги нудиме и следниве УСЛУГИ:
• КРОЕЊЕ НА ПЛОЧЕСТ МАТЕРИЈАЛ: иверки, медијапан, лесонит, работни плочи со професионални CAT компјутерски машини.
• КАНТИРАЊЕ НА КРОЕНИ МАТЕРИЈАЛИ:со софистицирана германска технологија за кантирање со ABS трака со различна големина и дебелина 22*2, 22*04, 28*2, 28*04, 42*2, 44*2, 48*2 и 54*2,

• Кантирање со фурнирски траки
-ОБРАБОТКА НА CNC МАШИНА: на плочест материјал, од наједноставни форми, облини и кругови до најсофистицирани профили,

• Компјутерско перфорирање на елементи
• Компјутерско бушење за ексцентри и типли на елементи
• Компјутерско жлебање на отвори за стакло, огледало и лесонит
• Отварање на отвори за садопери во работни плочи
• Жлебање за различни алуминиумски профили
• Бушење на отвори за шарки по стандардни и вонстандардни димензии
• Кроење на медијапански лајсни под “гер” агол, бушење за машнички и нивно целосно склопување
• Површинско профилирање на медијапански фронтови
• Кроење на плочест материјал под агол од 45’
• Kроење косини
• Вршење услуги на мембранска преса

• Бушење за механизми за лизгачки врати
-КРУЖНО КАНТИРАЊЕ на кроени кружни профили
-ФАРБАЊЕ: со полиуретански бои во софистицирана комора за фарбање, во следниве нијанси: мат, полусјај, софт и висок сјај
-БАЈЦУВАЊЕ И ЛАКИРАЊЕ на фурниран медијапан, со бајц на нитро база и лак
-ЛЕПЕЊЕ НА HPL ФОЛИИ НА ЛАДНА ПРЕСА

• Обработка и оплеменување на медијапански фронтови со 3D PVC фолии на вакум преса
-ИЗРАБОТКА НА МОНОБЛОК ЕЛЕМЕНТ
-ИЗРАБОТКА НА МЕДИЈАПАНСКИ ОБЛИ ВРАТИ, можност за изработка на цел елемент или полупроизвод (само фронт и сл.)

Советите и сугестиите од нашиот тим на професионалци се на наша сметка!
повеќе
20%заштеда
Цена со ДДВ:86.000 ден.68.800 ден.

Детска соба " ПОЛЕН"

20%заштеда
Цена со ДДВ:28.750 ден.23.000 ден.

Кревет на спрат ВУДЛАЈН

15%заштеда
Цена со ДДВ:17.300 ден.14.705 ден.

Маса Кристал клуб

15%заштеда
Цена со ДДВ:28.520 ден.24.242 ден.

Комода АНДРИЈАНА

15%заштеда
Цена со ДДВ:33.000 ден.28.050 ден.

Комода "ДУБАИ"

Цена со ДДВ:Побарај цена

Кујна - К2

Цена со ДДВ:Побарај цена

Кујна - К5

Цена со ДДВ:Побарај цена

Садопери

Цена со ДДВ:Побарај цена

Иверици

Цена со ДДВ:Побарај цена

Медијапан


Видете ги нашите производи на
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи