ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"

ПаркингРаботиме 7 дена во неделатаКлиматизираноДостапно за хендикепирани лица

  • Адреса: Борис Сарафов (4-ти Јули) 129
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7418 км
  • Локација: Ѓорче Петров

  • Телефон 2: 02 2031213
  • Факс: 02 2041461
  • Работно време: Пон - Пет од 07:30 до 15:30

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1548670563_63.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација
13-ти Ноември геронтолошки завод-Скопје е специјализирана установа (болница), која ја спроведува здравствената заштита од областа на Геријатриска и Палијативна медицина и е единствена од ваков карактер во Република Македонија. Ја прати состојбата, проучува, евалуира, известува и планира проекцијата на идните здравствени потреби и функционалните онеспособености на старите лица во институција и надвор од институцијата.

Функционира преку Специјализирана - консултативна здравствена заштита за областа геријатрија и палијативна медицина, организирана преку кабинети за интерна, невропсихијатриска, физијатриска заштита, кабинет за дијагностика и лекување и нега во домашни услови.

Стационарната здравствена заштита се остварува преку одделението Геријатрија (интензивна нега и акутно болни и оддел за хронично болни), а палијативната грижа се врши во двата Хосписи (Скопје и Битола). Заводот интензивно работи на развој и унапредување на лекувањето во домот на болниот како и на развој на Дневна болница. Значаен дел претставува медицинско-геронтолошкото образование кое се состои од континуирано стручно усовршување, првенствено во дијагностика, специфичности во лечењето, рехабилитација и превенција на болести во староста, зачувување на функционалните способности на геријатрискиот пациент преку поттикнување на активен однос на стариот човек за чување на своето здравје.

Јавната здравствена установа Геронтолошки Завод "13 Ноември" се наоѓа во Скопје, ул.4 јули 129 во Општина Ѓорче Петров и една единица во Општина Битола, ул.Лавчански пат бб. Располага со четири објекти (Геријатрија, Мајка Тереза-Злокуќани и двата Хосписи во Скопје и Битола).
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи