Интерцерт


  • Адреса: Јордан Мијалков (Железничка) 44-2/1
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7425 км
  • Локација: на улицата на Кафана Љуц

  • Телефон 2: 02 6147674
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1459758680_57.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

ИНТЕРЦЕРТ е акредитирано сертификациско тело кое врши сертификација и надзор на системи за управување со точно дефинирана и јасна цел да биде единствено препознатливо сертификациско тело на македонскиот пазар преку квалитетни, компетентни и високообразовани сертифицирани аудитори се извршуваат проверки и надзор со највисок квалитет.

ИНТЕРЦЕРТ е акредитирано од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија ИАРМ. Сертификатите на ИНТЕРЦЕРТ се национално признати сертификати (Акредитација на ИАРМ). Информации за нашите клиенти како потврда за важност на сертификатот може да добиете со барање на нашата мејл адреса info@inter-cert.net.

Во партнерство со Полскиот центар за сертификација PCC-Cert, акредитирано сертификациско тело од страна на Полскиот центар за акредитација (PCA), нудимe меѓународно признати сертификати.

Македонскиот институт за акредитација ИАРМ и Полскиот центар за акредитација PCA се потписници на MLA (мултилатерален договор за признавање)на ИАФ (Меѓународниот акредитациски форум), меѓународна организација која ги поврзува акредитациските тела низ целиот свет и на ЕА (Европската организација за акредитација), која ги поврзува акредитациските тела во Европа и има потпишано заеднички договори за признавање, што значи дека сите акредитирани сертификати издадени од наша страна преку PCC-Cert се меѓународно признати во целиот свет.

ИНТЕРЦЕРТ ви нуди квалитет. Проверките, надзорот и (ре)сертификацијата, односно оценувањето на системите за управување од страна на ИНТЕРЦЕРТ се извршуваат преку тим од квалитетни, компетентни и високообразовани сертифицирани проверувачи. Главните проверувачи коишто го предводат тимот се воедно и членови на Техничкиот комитет при Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ).

Изберете КВАЛИТЕТ, особено кога го сертифицирате квалитетот на вашата компанија!

Интерцерт го нуди следниот спектар на услуги:

Сертификација на:
• Системот за управување со квалитет - ISO 9001
• Системот за управување со животната средина - ISO 14001
• Системот за управување со безбедност и зашита при работа - OHSAS 18001
• Системот за управување со ИТ услуги - ISO 20000
• Системот за управување со безбедност на храната - ISO 22000
• Системот за управување со безбедност на храната - НАССР
• Системот за управување со безбедност на информации - ISO 27001
• Системот за управување со ризици ISO - 31000
• Системот за управување со енергетска ефикасност - ISO 50001

Обуки за Водечки проверувачи за:
• Системот за управување со квалитет ISO 9001:2015
• Системот за управување со животната средина ISO 14001:2015
• Транзиција на Системот за управување со квалитет ISO 9001:2008 во ISO 9001:2015
• Транзиција на Системот за управување со животната средина ISO 14001:2004 во ISO 14001:2015

Обуки за Интерни проверувачи за:
• Системот за управување со квалитет ISO 9001:2015
• Системот за управување со животната средина ISO 14001:2015
• Транзиција на Системот за управување со квалитет ISO 9001:2008 во ISO 9001:2015
• Транзиција на Системот за управување со животната средина ISO 14001:2004 во ISO 14001:2015
повеќе

Видете ги нашите производи на
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи