ГСИ Соработници

Достапен интернетWi-Fi ЗонаРаботиме 7 дена во неделатаКлиматизирано

  • Адреса: Македонија 22-2/3
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈10684 км
  • Локација: Ристиќева палата

  • Работно време: Пон - Нед од 09:00 до 21:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1549273494_07.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Единствена етаблирана агенција за меѓународни преводи со главно седиште во Лондон и претставништва низ цела Европа. GSI обезбедува висококвалитетен превод на повеќе од 100 јазици. Со канцеларии во Обединетото Кралство, Македонија, Романија и Косово, ние сме експерти за превод, транскрипција и јазична адаптација во областа на правото, финансиите, автомобилската-индустријата и медицината.

Финансиски преводи
-Прецизни преводи од областа на осигурувањето, банкарството и финансиите
-Нашите преведувачи од областа на деловните финансии обезбедуваат професионализам и интегритет

Правни преводи
-Нашиот стручен правен тим преведува правни документи на над 100 јазици, од патенти и документи за формирање на компанија до изводи од матичната книга на родените и дозволи за престој

Медицински и фармацевтски
-Со најмалку десетгодишно искуство, нашиот медицински и фармацевтски тим обезбедува стручни преводи од областа на медицината, фармацијата и науките за живиот свет.

Автомобилска индустрија
-Нашиот посебен тим за преведи од областа на автомобилската индустрија преведува секакви документи на повеќе од 100 јазици – од извештаи и упатства за производство до упатства за стручни обуки.

GSI е британска компанија со канцеларии во Лондон, Букурешт, Скопје и Приштина. Нашиот стручен тим на преведувачи нуди услуги специфични за соодветната област кои вклучуваат транскрипција, јазична адаптација и превод од и на преку 100 јазици.

Секоја година работиме на илјадници документи, на над 100 различни јазици. Секој клиент добива ефикасна преведувачка услуга, менаџирана низ целиот процес, со цел да се исполнат највисоките стандарди во соодветната област и најголемите очекувања на клиентот во поглед на квалитетот и брзината на испорака.

Нашиот тим вклучува висококвалификувани, стручни лингвисти од правниот, финансискиот, медицинскиот и фармацевтскиот сектор и интернет игрите. Секој професионален преведувач кој го ангажираме е висококвалификуван и искусен во својата област, способен да обезбеди точни и нијансирани преводи базирани на темелно професионално знаење во комбинација со одлично познавање на мајчиниот јазик.

Нашите професионални преведувачи работат на повеќе од 100 јазици, а бројот на јазиците сé уште се зголемува, вклучувајќи англиски, шпански, кинески, арапски, романски и многу други, и тие се квалификувани експерти во одредена област на секој од јазиците што ги нудиме.

Секој преведувач кој го ангажираме е:
-Високостручен и систематичен лингвист, со одлично познавање на мајчиниот јазик
-Искусен и квалификуван специјалист во релевантната област
-Професионален преведувач со докажано искуство во писмени и усни преводи.

Сеопфатна професионална јазична услуга

Ние нудиме сеопфатна повеќејазична услуга којашто се состои од лекторирање, ДТП, аудио транскрипција, превод на документи и интернет страници.

Ние имаме блиска соработка со секој од нашите клиенти. Знаеме дека прецизниот и детален пристап кон работата е од суштинско значење, како и темелното разбирање и познавање на секторот на секој од клиентите. Од таа причина гарантираме дека нашиот процес на контрола на квалитетот постојано се следи, за сите преведувачки услуги што ги нудиме.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи