Глоса-Стручни и судски преводи по германски, англиски и сите други европски јазици

Достапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизираноДопуштено за деца

  • Адреса: Ѓорче Петров 34
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7846 км

  • Телефон 2: 071 623172
  • Работно време: Пон - Пет од 09:00 до 20:00



Слика од локација

Фото и видео галерија

Глоса e интерактивно јазично студио кое организира курсеви, индивидуални часови и судски преводи за сите јазици.

Нудиме општи и специјализирани курсеви по англиски и германски јазик, како и подготовка за полагање меѓународни испити. Нашите часови се динамични, интерактивни, исполнети со теми кои се интересни и сосема прилагодени за возраста на учениците.

Бирото за преводи нуди преводи од/на светски познати јазици и тоа: англиски, германски, италијански, француски, шпански и др.
Глоса ги нуди и следните видови превод:
• Судски превод
• Литературен превод
• Документи
• Економски и правни текстови
• Медицина
• Останати стручни преводи
• Лични преводи

Студиото е основано во 2013 година. Од самиот почеток до денес посветено создаваме современа образовна средина која овозможува изучувањето на странскиот јазик да стане дел од нашето секојдневие и култура. Секојдневно применуваме посебни методи на предавање кои им помагаат на учениците да ги развијат сите четири јазични вештини – читање, пишување, слушање и зборување. Со примена на овие методи ги мотивираме учениците да го засакаат странскиот јазик, го поттикнуваме нивниот талент и ја ослободуваме нивната креативност. Имаме методолошки пристап кој го поддржува интелектуалниот и социјалниот развој на учениците поттикнувајќи ги да станат успешни ученици, независни мислители и почитувани поединци.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи