Еуро глас

Паркинг

  • Адреса: бул.Никола Карев б.б. (Југославија)
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7851 км

  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 17:00



Слика од локација

Фото и видео галерија

Еуро Глас е компанија која се занимава со замена и поправка на ветробрански стакла на сите видови моторни возила, како и замена и поправка на сите видови рачни и електрични подигнувачи на автомобилски стакла.

Располагаме со свој лагер на голем број типови авто стакла за сите видови на патнички и товарни возила. Вградените авто стакла ги поседуваат сите сигурносни сертификати, а одредени авто стакла имаат и дополнителна UV заштита. Исто така, располагаме и со лагер на механизми и резервни делови за рачно и електрично подигнување на странични авто стакла за сите типови возила.

-Репарирање на оштетени автостакла
Честопати, управувајќи го своето моторно возило се случува ветробранското стакло да биде удрено од тврд предмет и да се појави мало оштетување на стаклото. Навидум мал удар кој прави ситно оштетување, но доколку не се поправи навреме може да доведе до поголеми пукнатини и ошетувања на ветробранското стакло, а доколку ова се случи во тек на управување со возилото може да доведе и до посериозни последици и сообраќајна незгода. Затоа, препорачуваме во најкраток можен рок откако ќе забележите дури и минимално оштетување на ветробранското стакло, посетете го нашиот сервис да го дијагностицираме оштетувањето и да го репарираме стаклото. Репарирањето на стаклото го правиме со висок квалитет и тешко може да се забележи дека на тоа место имало пукнатина, а исто така со репарирањето го заштитуваме ветробранското стакло од проширување на пукнатините и замена на стаклото со ново.

Успеавме да направиме нераскинлив спој меѓу квалитетот на услугата, цената и задоволниот клиент. Воспоставивме високи стандарди при вградувањето или поправката на оштетените делови на вашето возило. Даваме соодветна гаранција на вградените елементи.

Нашиот мотив и загарантирана цел е возило без дефект и задоволен клиент.
Повелете во нашиот сервис да се уверите во нашиот професионализам.
повеќе

Видете ги нашите производи на
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи