Мерино e компанија која се занимава исклучиво со производство на ХТЗ опрема, односно работни униформи за сите бранши, почнувајќи од градежна струка, бензиски пумпи, чуварски униформи како и производство на разни модели врз основа на побарувачката на купувачите со комбинација на разни нијанси.
Еврохем-Кристи е компанија специјализирана за производство и продажба на лични заштитни средства. Располагаме со повеќе од 200 типови на ракавици за најразлични намени, заштитни чевли, заштита на глава, очи и дишните патишта, работна облека итн.
АД Алкалоид Берово е компанија која се занимава со производство на текстилни производи од 100% памук, како што се памучни ткаенини и санитетски материјали, а исто така има и сопствени финални производи за широка потрошувачка.