Електровин

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Филип втори 68
  • Место: Виница
  • Оддалеченст: ≈7503 км

  • Телефон 2: 070 736945
  • Работно време: Пон - Саб од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1531903299_56.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Електровин е компанија чија основна дејност се услуги од областа на електроенергетиката. Компанијата е основана во 2009 година.
Како резултат на долгогодишно работно искуство и признание за посветеност и сериозност во извршувањето на нашите услуги во 2014 се стекнавме со Сертификат за Акредитирано Инспекциско Тело ИТ-084.

Нашето досегашно работење се карактеризира со постојан зголемен обем на работа и клиенти. Долгогодишното работно искуство како и големиот број успешно реализирани значајни проекти не сместува меѓу врвните компании во Македонија од областа на електроенергетиката и гарантира за квалитетно исполнување на задачите во областа на нашето делување.

За да одговориме на барањата и потребите на нашите клиенти и за развој на компанијата во инспекциско тело ги имплементиравме потребните стандарди:
• ISO 17020:2012 Стандард за Акредитација на Инспекциско Тело ТИП Ц.

Располагаме со потребните вештини, знаење и опрема во полето на заштита на животната средина од физички штетности, заштита на луѓето во работната средина, изработување и консалтинг при изработка на елаборати за заштита на влијанија врз животната средина. Мерењето на параметрите за заштита на животната и работната средина се врши со професионални инструменти

Поседуваме лиценци за проектирање, изведба, ревизија и надзор на градби од втора категорија.

Едни од инструментите со кои располагаме се и инструментите за контрола и детекција на траса на нисконапонски и среднонапонски кабли до 35 kV и детекција на место на дефект на нисконапонски и среднонапонски кабли и надземни водови. Исто така, располагаме и со најновите инструменти за мерење на заштитно и громобранско заземјување на нисконапонски инсталаци.

Компанијата е Овластен сервис за одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати и одржување, сервисирање и испитување на стабилни инсталации за откривање,јавување и гаснење на пожари.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи