Дилевски

Wi-Fi ЗонаКлиматизираноПлаќање со кредитни картичкиДопуштено за деца

  • Адреса: Киро Крстевски Платник 18
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7424 км
  • Локација: позади Млин балкан

  • Телефон 2: 02 3290109
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 21:00
    Саб од 10:00 до 14:00



Слика од локација

Фото и видео галерија

Стоматолошката ординација "Дилевски" е една од првите приватни ординации во Македонија. Долгогодишната традиција и огромното искуство на докторите во ординацијата гарантираат високо стручно, безбедно и современо лекување и превенција на болестите на устата и забите. Тоа го потврдува и големиот број на постојани пациенти кои ги стекнавме во нашите долги години на работење.

Услуги:
• Детска и превентивна стоматологија
• РТГ дијагностика и панорамско снимање на заби
• Згрижување на кариозни лезии (максимално естетско-функционална реставрација)
• Ендодонтски третман на заби по најсовремени методи- лекување на пулпини заболувања и периодонтити
• Порцелански коронки и мостови
• Порцелански ламинати (фасети)
• Безметална керамика- CAD-CAM, Zirkonia, Zolid (monolithic zirconia), прес-керамика, компјутерски дизајнирани и изработени коронки
• Протези (парцијални, тотални и визил протези)
• Третман на пародонтопатија
• Екстракција (вадење) на заби
• Орално-хируршки интервенции
• Ласерско белеење на заби
• Поставување на циркони
• Ортодонтски третман- лекување на забно-вилични аномалии (мобилни и фиксни ортодонтски апарати- метални, безметални, самолегирачки брикети, лингвална ортодонција)

Ординацијата располага со два стоматолошки стола и современа опрема, запазувајќи беспрекорни технички и хигиенски стандарди. Истовремено, наша цел е да обезбедиме средина во која пациентите ќе се чувствуваат удобно и релаксирано. Ординацијата во својот состав има Рентген - Панорамикс Кабинет со заштитни средства и ласер апарат.

Ординацијата е основана во 1992 година. Во своето повеќегодишно работење ја наметнува својата компетентност и стручност во работењето, издигнувајќи ја истовремено на највисоко ниво грижата за пациентите и нивното орално здравје. Следејќи ги најсовремените трендови во стоматологијата, приоритет на ординацијата е задоволување на потребите и желбите на пациентите.

Стручниот тим во ординацијата го сочинуваат:

• Д-р Владимир Дилевски – Специјалист , кој посебно внимание посветува на следењето и примената на најновите трендови и методи во стоматолошка наука и пракса
• Д-р Дијана Николовска - Стоматолог

Наша водечка цел се задоволни, здрави и насмеани пациенти!
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи