Био аестетик

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: бул.Јане Сандански 78-2/7
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7855 км

  • Работно време: Пон - Пет од 10:00 до 20:00
    Саб од 10:00 до 18:00



Фото и видео галерија

Салонот за убавина Био Аестетик ги нуди сите услуги поврзани со нега на лице меѓу кои најсовремени третмани за обликување на линии и трајна шминка. Вешт, професионален и секогаш расположен персонал во салонот ќе се потруди да ви излезе во пресрет на сите ваши желби. Уживајте во пријатна и опуштена атмосфера а притоа и во третманот на трајна шминка со кои резултати ќе бидете сигурно задоволни.

Салонот за убавина Био Аестетик нуди

ТРАЈНА ШМИНКА

Трајната шминка на светскиот бренд Purebeau Ви овозможува природен изглед во секоја возраст. Трајната шминка таканаречена "перманентен make up" e суптилнa и со вешта висoка технологија овозможува пигментација која ќе ги нагласи природните линии и на тој начин ќе се потенцираат сите атрибути за да се добие природен и убав изглед. Многу луѓе во Вашата околина ќе ја приметат разликата на Вашето лице, ќе изгледате природно како да немате потреба од Make up.Третманот е едноставен и безболен а методата се изведува со апликација на боја по неколку мм под кожа. Purebeau технологијата е признаена како најдобра меѓу 20 светски стручни лица во САД, Англија, Русија, Италија, Франција и др земји.

ЛАСЕРСКА ЕПИЛАЦИЈА

Ласерската епилација е една од 5-те најпопуларни естетски процедури и во исто време е и тренд и потреба на сите современи жени и мажи. Третманите се изведуваат еднаш во две недели.

ANTI AGE ТРЕТМАНИ

Anti age третмани за намалување на проблематичните области од телото, со користење на благодетите на галванската струја.

НАДОГРАДБА НА СВИЛЕНИ ТРЕПКИ

За прв пат во МК, надоградба на свилени трепки од брендот број 1 во светот LuxusLashes.
Со LuxusLashes секоја жена добива долги извиткани трепки со природен изглед, совршено нагласени без потреба од маскара.
Трепките се лепат на Вашите вистински трепки и притоа изгледаат сосема пприродно.
LuxusLashes се дизајнирани така што можете да ја одберете должината, дебелината и кривината на посакуваните трепки.

МЕЗОТЕРАПИЈА

Со мезотерапија се подобрува регенерацијата на кожата, се тонира кожата, се збогатува со витамини, се елиминира хиперпигментацијата и се исправуваат борите.

МАНИКИР И ПЕДИКИР

Се изведуваат согласно со дерматолошките стандарди. Маникирот претставува нега на кожата,прстите како и ноктите на рацете. Вашите раце се првата работа која што луѓето најчесто ја забележуваат, со тоа и тие многу зборуваат за Вашиот изглед и карактер.

ТРЕТМАН ЗА ПОДОЧНИЦИ

Со нашите третмани се зголемува циркулацијата и лимфната дренажа со создавање на нов колаген, а со тоа и задебелување на кожата. Потребно е околу три третмани, а резултатите се видливи веднаш.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи