Бакал

ПаркингДостапен интернетРаботиме 7 дена во неделатаКлиматизираноДопуштено за деца

  • Адреса: Маршал Тито б.б., с.Брвеница
  • Место: Тетово
  • Оддалеченст: ≈7823 км

  • Телефон 2: 070 283845
  • Работно време: Пон - Нед од 11:00 до 00:00



Слика од локација

Фото и видео галерија

На 5 км од Тетово или за само 15-тина минути од Скопје во тетовското с. Брвеница се наоѓа уникатниот и автентичен ресторански комплекс Бакал, место кое со својот уникатен амбиент, содржина, преубава природа и уникатни специјалитети веднаш ќе ве освои, место каде секогаш ќе сакате да се вратите.

Ресторанот Бакал нуди топла семејна атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој љубовен состанок се претвора во бескрајно задоволство, а секој деловен ручек има позитивна и конструктивна атмосфера зачинета од амбиентот. Жуборот на водата, прекрасните растенија и уникатниот амбиент кој е креиран во ресторанот со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов никого не остава рамнодушен.

Овој елегантен, а сепак традиционален македонски ресторан нуди квалитетна храна подготвена со многу љубов од најдобрите кулинарски мајстори. Секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, место акде може да се најде за секого по нешто. Големиот избор и квалитет е причина голем број на гости од различни делови од Македонија, но и од регионот да доаѓаат во ресторанот Бакал. Во “Бакал” се чувствува духот на македонската традиција, преку ентериерот, гурманските специјалитети и љубезноста на персоналот, што неретко е причина многу дипломати да го посетуваат и воодушевени да си одат.

Во склоп на ресторанот се наоѓа и пекара, каде се произведува домашен леп и бели пецива. Се прави р'жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура. Во склоп на ресторанот се наоѓа и млечен ресторан.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи