Авицена лабораторија

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизираноДопуштено за деца

  • Адреса: 8-ми Септември 2 лок.1
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7850 км
  • Локација: комплекс Македонија ТЦЦ Гранд Плаза зад Веро2 Тафталиџе

  • Факс: 02 3177130
  • Работно време: Пон - Пет од 07:30 до 19:30
    Саб од 07:00 до 14:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1460458899_48.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Основната активност на Авицена специјалистичка дијагностичка лабораторија е унапредување на човековото здравје, со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови, од различни области на медицината: клиничка биохемија, микробиологија, ендокринологија, имунологија, трансфузиологија, молекуларна биологија, генетика и сл.

Авицена Лабораторија се наоѓа на 3 локации во нови, современи и лесно пристапни објекти, целосно ориентирани на барањата и потребите на пациентите од сите категории (деца, возрасни, пациенти со инвалидитет).

• Авицена Лабораторија (нас.Тафталиџе)
Адреса: Бул. 8-ми Септември бр. 2, лок. 1, 1000 Скопје
Работно време: Понеделник-Петок: 07:00-19:30, Сабота: 07:00 - 14:00 (до 19:00 само за COVID-19)
Тел: 02 3179 001
Телефони за закажување тест за COVID-19:
071/278-529; 078/218-731; 071/269-623; 072/319-850
Email: lab@avicenalab.com.mk

• Авицена Лабораторија (нас. Аеродром)
Адреса: Бул. Јане Сандански бр. 48, 1000 Скопје
Работно време: Понеделник - Петок: 07:00-14:00, Сабота: 08:00 - 14:00
Тел: 02 2477 345
Email: lab2@avicenalab.com.mk

• Авицена Лабораторија (Тетово)
Адреса: ул. Благоја Тоска бр.222, 1200 Тетово
Работно време: Понеделник - Петок: 07:00-14:00, Сабота: 08:00-14:00
Тел: 044 355 550, 044 355 551
Телефони за закажување тест за COVID-19:
071/278-529; 078/218-731; 071/269-623; 072/319-850
Email: labtetovo@avicenalab.com.mk

Во Авицена Лабораторија секогаш се запазуваат строгите критериуми за одржување на квалитетот во медицински лаборатории, кои се задолжителни и општоприфатени во целиот свет, а се гаранција за точни и прецизни резултати.

Секојдневно, рутински се извршува редовна внатрешна контрола на сите автоматизирани лабораториски системи. Исто така, лабораторијата е дел и од неколку програми за редовна надворешна контрола на квалитет на медицински лаборатории, преку целата година, по прецизно и строго определени временски интервали од неколку странски институции:

- INSTAND e.V Германија за микробиолошки анализи и тоа: комплетна бактериологија со идентификација и осетливост, паразитологија, микологија, серологија и интерпретација на резултатии и UK NEQAS Microbiology (United Kingdom National External Quality Assessment Service), за дополнителни бактериолошки анализи со идентификација, осетливост и интерпретација на резултати.

- INSTAND e.V Германија, за дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати од областа на биохемија, имунологија, хематологија, цитологија, хемостаза, јонометрија.

- ПЗУ Авицена Лабораторија е меѓу првите специјалистичко дијагностички лаборатории која се здоби со Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013. Овој стандард гарантира континуирана контрола на квалитет во сите фази на лабораториското работење, сигурност во точноста на секоја изработена анализа поединечно и издадените резултати за истите, притоа опфаќајќи ги комплетно сите анализи што се изработуваат во лабораторијата, со најголем опсег на акредитирани методи (над 300).

Овој процес претставува само уште една алатка за објективна проценка и дополнителна контрола и ја нагласува досегашната препознатливост, посветеност и признание за квалитетот на лабораториските услуги.

- Од моментот на земање на примерокот за анализа, па се до издавање на крајниот резултат, процесот на обработка на материјалите во Авицена Лабораторија е целосно дигитализиран. Сите епрувети со примерок за анализа се бар-кодирани, нивната идентификација и обработка е на комплетно автоматизирани системи и сите анализатори се поврзани во еден софтверски систем. Со ова се исклучува секаква можност за субјективна грешка од човечки фактор и се гарантираат беспрекорни и точни резултати во најкус можен рок.

- Во Авицена Лабораторија секогаш се запазуваат строгите критериуми за одржување на квалитетот на највисоко ниво. Ова значи дека секој серум или друг примерок во процесот на неговата изработка поминува низ неколку нивоа на контрола на квалитет, потоа истиот се одобрува и валидира од лекар специјалист. Процедурите и ISO стандардите по кои што работиме наложуваат строго запазување на овие принципи на работа.

- Сите тестови кои се работат во Авицена Лабораторија се високосензитивни и специфични, ги задоволуваат стандардите на СЗО и се од најнова генерација на тестови. Се работат на комплетно автоматизирани инструменти од врвни светски производители, a самата автоматизирана постапка и високопрецизна технологија овозможува дополнителна сигурност и објективност, за точен и прецизен резултат.

-Авицена Лабораторија поседува најголема концентрација на стручен кадар. Позади секој издаден резултат во Авицена Лабораторија стои стручен и професионален тим од над 95 вработени, меѓу кои и 6 доктори - специјалисти по медицинска биохемија и микробиологија кои гарантираат за точни, сигурни и навремени резултати за сите пациенти.

Со сето ова се потврдува дека Авицена Лабораторија ги задоволува барањата предвидени со националните, европските и меѓународните стандарди, и сите дополнителни барања, потребни за вршење на специфична лабораториска дејност.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи