Алфа импорт

Wi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Источна Индустриска зона б.б., Маџари
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7430 км
  • Локација: Складиште Туртел

  • Телефон 2: 075 435075
  • Факс: 02 3064404
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00



Фото и видео галерија

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ГРАДБА

Продажниот програм на материјали за градба опфака енергетско-ефикасни термоблокови кои се произведуваат во поголеми димензии во однос на класичните цигли, а резултат на тоа е намалената потрошувачка на блокови по m2, намалената потрошувачка на малтер и заштедата на време по градба. Термопрограмот се состои од термоблокови со дебелина од 20,25,30 и 38cm за изградба на надворешни ѕидови и преградни блокови со димензии од 10 и 12cm.

Програмата на Klimabloc вклучува термоблокови за ѕидање на надворешни ѕидови со димензии 20,25,30,38 и 50 cm кои претставуваат монолитен систем, односно ѕидање без употреба на термоизлолација, надворешна изолација, термо блокови за преградни ѕидови, термоблокови за меѓуспратни конструкции и венталациони блокови со отвор Ф15 и Ф18.

Продажниот програм на материјали за градба од програмата на Univerzum опфака гитер блокови, преградни блокови, полни цигли, ферт греди, ферт каналици, Ферт Исполна од 14 и 16cm, елементи за надватници од 9 и 12cm, термоблок со дебелина од 33cm и 38cm и tenisit за тениски игралишта и патеки за трчање.

Продажниот програм на брендот Ytong вклучува 5 типа на блокови, неносечки надвратници за процорци и врати, лачни блокови, блокови во “У” форма и блокови за ѕидање oд автоклавен гасбетон со различни физичко-механички карактеристики:

-B2,0/D 350 YTONG extr A+ За неносечки ѕидови на нискоенергетски и пасивни згради; Дакларирана јакост 2,0 МРа; Декларирана маса на волумен 350 kg/м³ Коефициент на топлинска спроводливост λ10 суво = 0,09 W/mK .
Примарно се употребува за надворешни носечки ѕидови на сите видови на објекти во сите климатски зони и без дополнителна топлинска изолација.
-B2,5/D 390 YTONG A+ За неносечки ѕидови на енергетско ефикасни згради ; Дакларирана јакост 2,5 МРа; Декларирана маса на волумен 390 kg/м³ Коефициент на топлинска спроводливост λ10 суво = 0,11 W/Mk.
Примарно се употребува за надворешни носечки ѕидови за сите видови на објекти во сите климатски зони и без дополнителна топлинска изолација.
-B2,5/D 440 За неносечки ѕидови; Дакларирана јакост 2,5 МРа; Декларирана маса на волумен 440 kg/м³ Коефициент на топлинска спроводливост λ10 суво = 0,12 W/mK.
Вообичаено се употребува за градење на носечки и неносечки ѕидови.
-B2,5/D500 Kласа на густина 500 kg/m3; класа на јачина 2,5 МРа; коефициент на топлинска преносливост на ѕидот λ = 0,16 W/mK.
-B5,0/D600 За носечки и противпотресни ѕидови; Декларирана јакост 5,0 МРа; Декларирана маса на волумен 600 kg/м³ Коефициент на топлинска спроводливост λ1 суво = 0,19 W/Mk. Се произведуваат само со претходна порачка на клиентот.
Вообичаено се употребува за градење на носечки и неносечки ѕидови.
-B5,0/D700 За ѕидови со зголемена звучно-изолацискаспособност;
Декларирана јакост 5,0 МРа; Декларирана маса на волумен 700 kg/м³;
Коефициент на топлинска спроводливост λ10 суво = 0,18 W/Mk.

Се произведуваат само со претходна порачка на клиентот.
Основните димензии на блоковите се со должина 60 cm и висина 25 cm.
Овие димензии се еднакви за сите блокови, променлива е само нивната дебелина во границите од 5 до 35 cm.
-БЛОКОВИ СО ДЕБЕЛИНА ОД 20, 25, 30 и 35cm Се користат за ѕидање на надворешни ѕидови. Надворешниот ѕид со дебелина од 30 cm одговара на актуелните норми за топлинска изолација.
-БЛОКOВИ СО ДЕБЕЛИНА ОД 10 до 25 cm се погодни за преградни ѕидови во самото живеалиште или помеѓу одделните станови.
-БЛОКОВИ СО ДЕБЕЛИНА ОД 5, 7.5 и 10 cm се користат за обложување на постоечки или новоизградени ѕидови со цел зголемување на способноста за топлинска изолација. Се употребуваат за ѕидање на внатрешни неносечки преградни ѕидови

Продажниот програм на брендот Silka вклучува Калциум силикатни блокови во 4 формати и 8 модели, произведени од локални суровини кои се состојат од вар, песок и вода.

Програмата од брендот Multipor вклучува минерални изолирачки плочи кои се негорливи и еколошки минерален производ, корисен за флексибилна примена. Се употребуваат за изолација на внатрешните и надворешните ѕидови, за изолација на поткровје или како изолирачки материјал во комбинација со Silka и YTONG. Multipor дименезиите на плочи се со дебелина од 75,100,125,150 и 200mm.
повеќе

Видете ги нашите производи на
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи