АД Алкалоид Берово

ПаркингWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Маршал Тито 5
  • Место: Берово
  • Оддалеченст: ≈8258 км


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1562852449_31.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

АД Алкалоид Берово е компанија која се занимава со производство на текстилни производи од 100% памук, како што се памучни ткаенини и санитетски материјали, а исто така има и сопствени финални производи за широка потрошувачка.

Произведуваме:
• Санитетски материјали како што се хидрофилна газа, стерилна газа и калико завој
• Памучни ткаенини во различни бои (сирови, бели или обоени) и различни тежини (од 35 гр/ м2 до 260 гр/м2)
• Тетра бебешки пелени во различни бои и големини (бела, штампана или обоена)
• Медицинска облека и болнички постелнина
• ХТЗ облека од бел или темноплав кепер

Компанијата е основана во 1961 година како средно претпријатие, а во 1990 година е регистрирана како акционерско друштво со целосен технолошки процес. Денес, АД Алкалоид Берово има вработено повеќе од 100 лица и има годишен приход од над 2 милиони евра. Тоа е единствената македонска компанија која произведува хидрофилна газа, стерилна газа и калико завои во согласност со меѓународните стандарди за овој вид на материјали.

Компанијата има развиено свој процес за производство на ткаенини од различен тип и тежина изработени од 100% памучно предиво. Прво, произведените ткаенини се белат и се бојат, а потоа се конфекционираат. Кога ќе завршат процесите на производство, имаме финални продукти, кои потоа се продаваат како на домашниот така и на странските пазари.

Како извозно ориентирана компанија ние продаваме повеќе од 80% од нашите производи на пазарот во земјите од ЕУ.


повеќе

Видете ги нашите производи на
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи