Викторија шпед

ПаркингWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Босна и Херцеговина 3
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7423 км

  • Факс: 02 2603963
  • Работно време: Пон - Пет од 08:30 до 16:30



Слика од локација

Фото и видео галерија

Компанијата ВИКТОРИЈА ШПЕД нуди комплетни логистички решенија и е лидер во областа на царинско посредување и организирање на комплетна логистика.

Дел од нашите услуги:
• Царинско застапување
• Меѓународен патен транспорт
• Авионски транспорт
• Бродски транспорт
• Царински складишта

Овозможува брзо и ефикасно царинско и шпедитерско посредување, изготвува царинска документација при увоз, извоз или транзит на стока, ги следи законските промени, дава информација за тарифни броеви на стоката и давачките и информација за обезбедување на сите потребни дозволи за увоз на одредени видови стока.

Почитување на тимската работа и постојано надградување преку семинари и предавања е одлика на вработените во царинскиот сектор. Викторија Шпед соработува со сестринска фирма Фалкон Логистик која располага со возен парк од 6 VW Crafter возила кои превезуваат стока како во рамките на домашниот пазар така и надвор од Р.Македонија.

Во овој сектор се планира, организира, координира патен, поморски, поштенски и воздушен транспорт за кој имаме IATA агент сертифициран за изработка на авионскии товарни листови.

Викторија Шпед поседува сопствен царински склад. Царинскиот склад со локација во нас. Илинден е изграден и пуштен во употреба 2014 год. Се работи за најсовремено уреден складишен простор (1125м2 затворен дел и 675 м2 отворен дел). Складот располага со 1550 палетни места, Комора за складирање лекови, АДР, Регално складирање.

Викторија Шпед доо Скопје е компанија формирана во 1995 година. Во моментов во Викторија Шпед има 26 професионално обучени вработени кои се спремни да одговорат на сите предизвици со единствена цел да се задоволат потребите на клиентите.
Во царинскиот сектор во моментов се вработени 16 лица меѓу кои 6 диспоненти и 10 царински лиценцирани царински застапници кои поседуваат повеќегодишно работно искуство.

Денес Викторија Шпед во рамките на своето работење ги има имплементирано стандардите iso 9001:2008 и iso 14001:2004 за кои сертификат издава TUF AUSTRIJA


повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи