Видео аларм

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Народен Фронт 13-1/5
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7424 км
  • Локација: Капиштец, пред ТЦ Беверли Хилс

  • Факс: 02 3217650
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/98ca0cc9ef18459019a7bda4305a73d9.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Видео аларм е компанија чија основна и единствена дејност е проектирање, набавка и изведба на видео и аудио безбедносни системи.

Производи и услуги:
• Контрола на пристап и евиденција на работно време
• Далечинска и автоматска контрола на врати и капии
• Алармни системи за детекција и дојава на провала
• Системи за детекција и дојава на пожар
• Домофонија и видеофонија
• Системи за видео надзор
• Системи за заштита на производи од кражба
• Хотелски системи за контрола на пристап
• Системи за ресторани и хотели

Нашата компанија располага со сервисни возила и сервисни простории кои се опремени со работни сервисни маси и инструменти и со постојани две екипи спремни за интервенција по повик. Стручноста на екипите се гледа и во нашето долгогодишно искуство и работење со вакви системи за видео надзор, системи за контрола на пристап и евиденција на пристап и системи за противпровална заштита.

Застапници сме на призводителите CCTV SONY Japan, IDTECK Korea, CROW Israel, LONGSE Taiwan, CAME Italy, ELKRON Italy, TOMTECH Korea, располагаме со резервни делови, модули и уреди за брза и навремена интервенција. Т.е што е многу важно, сите интервенции не би зависеле од некакви увози на резервни делови и опрема, бидејќи ние истите ги имаме на лагер заедно со целокупната оригинална сервисна документација за наведената опрема.

Видео аларм успешно делува и работи на полето на сигурносно-техничката заштита на објекти и отворени простори повеќе од 20 години, и е една од водечките компании во тој домен во Македонија. Во своето долгогодишно работење нашата компанија се одликува со професионална и брза изведба дадените задачи и договорените работи. Сето тоа е допринос од постојаната опременост на компанијата со потребните компоненти за системите - како постојан лагер на опремата за системите што ги нуди и располагањето на компанијата со стручен кадар од 8 вработени лица од кои 7 лица се технички оспособени и се директно вклучени во проектирањето и изведбата на системите.



повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи