Виа инжинеринг

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: с.Вевчани б.б.
  • Место: Струга
  • Оддалеченст: ≈7844 км

  • Телефон 2: 046 798659
  • Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1582291904_4.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Виа Ижинеринг ДОО Вевчани е градежна организација со седиште во Вевчани која се занимава со изведувње на градежни и градежно занаетчиски работи од областа на високоградба и нискоградбата. Во облата на градежништовто Друштовото има долгогодишно искуство кое датира од 1965 година кога во ташни форми на делување (како прватни претприемачи) работеше во просториите на бивша СФРЈ (Хрватска и Словенија). Денес својата дејност ја обавува исклучиво на просторот на РМ. Како резултат на тоа работење се безброј градежни објекти кои биле изведени целосно или реконструирани односно адаптирани од страна на стручните лица и работниците во претпријатието.

На територијата на Р. Македонија со изведување на градежни работи се занимаваат од 1990 година, претхоно како ВИА ДОО Вевчани, а од 2000 година како Виа ИНЖИНЕРИНГ ДОО Вевчани. Во текот на работењето Друштвото извдувало голем број на работи за АД Македонски телекомуникации за поставување на телефонски кабли и месни мрежи како и кабловски канализации на територијата на РМ.

Виа Инжинеринг ДОО Вевчани има изведувано работи за јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ за изградба на станбено деловни објекти во Скопје, Македонска Каменица, Пробиштип, Струга, Неготино, Кавадарци, Берово, Битола, Прилеп и Демир Хисар. Исто така извршува интервенции по рамковни договори за одржување на повик на АД Македонски телекуминикации Скопје, интервенции по рамковни договори за ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ и Рамковен договр за интервенции и одржување на АД Макпетрол Скопје.

Во ВИА ИНЖИНЕРИГНГ ДОО ВЕВЧАНИ за одржување на својата дејност од областа на гредежната оператива работат четири градежни инженери, над четириесет работници оспособени за комлетно извршување на работите од нискоградба и високоградба. Друштвото располага со целата потребна опрема и други физички капацитети за извршуваање на градежни работи од областа на високоградба и нискоградба.

Проекти на кои Виа инженеринг има работено и реализирано се:

-Изградба на нова управна зграда ТЕЛЕКОМ во Скопје
-Работи на објект Национална арена Филип Втори за обезбедување услови за УЕФА КУПОТ
-Адаптација на објект Монополска управа (Уќумат) во Скопје
-Берово е изграден објект на улица „Моша Пијаде“ ББ.
-Битола е изграден објектот БЛР1 Ц1.
-Доградба на детска градинка Срничка-Чекорче наелба Аеродром
-Доградба на ОУ ''Дедо Иљо Малешевски во Берово
-Изградба на детска градинка Општина Сопиште
-Изградба на детска градинка с.Корешница Демир Капија
-Изградба на зграда Венец2 во Дебар
-Изградба на зелен пазар во Берово
-Изградба на станбен објект Точила 2 во Прилеп
-Изградба на станбена зграда Скопје,Јурија населба Ѓорче Петров
-Изградба на станбено деловен објект во Бутел
-Кавадарци е изграден објект на улица „Блажо Алексов“ ББ - Б-2.
-Македонска Каменица е изграден објект на улица „Првомајска“ ББ - зграда 1
-Изградба на ООУ Вера Јоциќ во Гази Баба,Скопје
-Станбено деловен објект на Блок 1 (5а) во Демир Хисар

Проекти на кои Виа инженеринг работи:
-Станбена зграда објект на ул. Христијан Тодоровски - Карпош во Пробиштип
-Станбен објект број 1 - Урбана заедница, Неготино

Мисија на компанија е што пооригинална идеја да се претвори во производ со врвен квалитет кој ќе ги задоволи потребите на купувачите и со тоа ќе се постигне подобро позиционирање на пазарот. Денес е тешко да се биде различен, креативен и иновативен, за што сведочат и остварувања на компанијата. Команијата особено вложува напори секој чекор до финалниот производ и услугите да бидеме крајно професионални, бидејќи само тоа е патот до загарантираниот успех.

Со заеднички сили на колективот на компанијата, тимската работа и позитивна енергија го остваруваат сонот, а тоа е добро извршена работа секој ден. Со постојано вложување во новата технологија, квалификуваниот кадар и отворена комуникација со нивните купувачи и клиенти, понудата на производите и услугите е извонредна и претставува нивна голема предност.

Визија на компанијата, да создадат мрежа на меѓународни партнери, т.е. да создадеме препознатливост и на глобално ниво.

Со цел исполнвуање на сите законски барање и обезбедување сигурност во квалитет на своето работење организацијата се стекнала со следните лиценци:

-Лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
-Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија

Виа Инжинеринг поседува:

• ISO 9001:2015 - стандард за управување со квалитет
• ISO 14001:2015 - стандард за управување со животната средина
• OHSAS 18001:2007 ‐ стандард за безбедност и здравје при работа

Процесот на градење со постојана грижа за заштита на животната средина и безбедност и здравје при работа се на прво место на сите вработени во Виа Инжинеринг при извршување на секојдневните активности. Разбирањето на квалитетот, работните услови и природното окружување на вистинскиот начин претставува основа за успешно насочување на сите активности, од наједноставните до најсложените, кои водат кон остварување на следните стратегиски цели на компанијата:

-Желбата на купувачите и корисниците тежнеат да ги претвораат во нивно потполно задоволство во поглед на квалитетот на производот;
-Постојано градење партнерските односи со нивните купувачи и корисници врз основа на меѓyсебна доверба и лојалност;
-Имиџот на успешна компанија како основа за препознатливост и водечка позиција на пазарот и окружувањто се нивната постојана цел;
-Постојаниот раст и развој на Виа Инжинеринг и максимилизацијата на добивката со оптимизација на трошоците при успешно извршување на работните задачи, а во согласност со законските и другите регулативи е мисла која комананијата ја води;
-Филозофијата на Виа инжинеринг е вработените, како најважен ресурс да чувствуваат сигурност и корист од работењето во стабилна и успешна компанија, со почитување на индивидуалноста на секој поединец и активно промовирање на тимската работа;
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи