Тргошпед транс

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаWi-Fi Зона

  • Адреса: Раштаски пат 4
  • Место: Велес
  • Оддалеченст: ≈9484 км
  • Локација: Позади Брако

  • Телефон 2: 078 498505
  • Работно време: Пон - Саб од 08:00 до 17:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1490082426_43.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Тргошпед Тран е компанија чија основна дејност е меѓународниот транспорт. Нашата компанија располага со современи товарни возила за секаков вид на стока (палетизирана, непалетизирана, превоз на опасни материи итн).

Услуги кои што ги нуди компанијата Тргошпед Транс се со цел проближување кон своите соработници на високо професионално ниво:
• Редовни транспортни линии кон сите Европски земје и обратно
• ГПС позиционирање и следење на возилата во секое време
• 24 часовна комуникација со возилата
• Превоз на опасни материи
• Комплетно осигурување на стоката во возилата
• Професионална комуникација со клиентите
• Брзо ефикасно и транспортно работење

Следејки ги светските трендови и новите ИТ решенија инвестиравме со опремување на нашите возила со современи ГПС уреди кои овозможуваат 24 часовно следење на возилата, преку што во континуитет придонесуваме нашите клиенти да се задоволни од нашата експедитивост, точност, уредност и одговорност.

Тргошпед Транс е основана во 1990 година како фирма за трговија со градежни материјали, но сепак останува со тоа транспортот да го врши со сопствени возила. Во 1994 година се набавени првите половни камиони, но клучна година за оваа компанија е 1998 година кога се набавени 9 половни Волво ФХ12 влекачи со еуро 2 мотори за кои вреди да се спомне дека и покрај изминатите километри сеуште се во функција и крстарат по европските патишта. Веќе во 2001 година набавени се уште 4 Волво камиони со Еуро 2 и Еуро 3 мотори кои исто така се сеуште дел од возниот парк на Тргошпед Транс. Поради зголемениот обем на работа како и ориентираноста на компанијата кон европските пазари во 2006 година отворена е фирмата ТОШЕ 2001 ООД во Бугарија. Веќе следната година таму се набавени 14 Волво камиони за да таа бројка денес достигнува вкупно 50 камиони. И покрај кризата што во последните години владее во транспортниот бизнис, компанијата Тргошпед Транс во 2013 година својот возен парк го зголеми за уште 12 нови возила со Еуро 5 мотори и во 2014 година со уште 9 нови возила со Еуро 6 мотори.

Скоро 100% од возниот парк го сочинуваат камионите на Volvo Trucks. Вкупно 79 камиони се во сопственост на компанијата.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи