Споменик Св.Климент Охридски


  • Адреса: бул.Св.Климент Охридски
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7424 км
Дејности:

споменици



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Слика од локација

    Фото и видео галерија

    Свети Климент Охридски (840 - 916, Охрид) — македонски светец и еден од учениците на светите браќа Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во тогашна Бугарија.

    По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Тој е познат македонски и словенски учител.

    Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

    Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија.

    Најголемиот дел од моштите се чува во Македонија на Плаошник, покрај тие во Македонија има мошти на Св. Климент во Бигорскиот Манастир,Во Митрополијата во Битола, Во Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје и во Црква „Св. Климент Охридски“ - Скопје, и во Поречки Манастир Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија (Бугарија).

    Возобновената Црква „Св. Пантелејмон“ - Плаошник во Охрид, на местото на книжевната школа формирана од св. Климент. Денес овде се положени моштите на св. Климент.
    повеќе
    Слика од локација
    Мапа

    Време зa читање: 2 минути Инфлацијата во јуни е со годишна стапка од 3,2 проценти. Месечната, пак, мерена преку споредба на јунските во однос на мајските ...
    сите 14 | | | веќе видена

    Се крои ребалансот на буџетот. Во министерството за финансии се работи и викендов без прекин. Се пренаменуваат пари од нереализирани и непродуктивни трошења за ...
    сите 106 | | | веќе видена

    Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се ...
    сите 43 | | | веќе видена

    Меѓусебна соработка и координиран пристап во спроведување на фискалната и монетарната политика е клучот за обезбедување макроекономска и финансиска стабилност. ...
    сите 50 | | | веќе видена

    Француските берзански индекси паднаа денеска откако левиот блок Нов народен фронт (НФП) неочекувано освои најмногу гласови во вториот круг од парламентарните ...
    сите 48 | | | веќе видена

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи