Споменик на Кузман Јосифовски Питу


  • Адреса: Жена парк
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7500 км
  • Локација: Во Жена-парк
Дејности:

споменици



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Слика од локација

    Фото и видео галерија

    Кузман Јосифоски - Питу (Прилеп, 23 јуни 1915 - Скопје, 25 февруари 1944) — македонски правник, комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОБ во Македонија (1941-1944).

    Станува член на КПЈ во 1938 година. Бил еден од организаторите на студентско друштво „Вардар“ и на македонското национално движење МАНАПО. Бил организатор и учесник на повеќе национални манифестации и демонстрации за подигање на национално-револуционерната свест за продолжување на ослободителната борба против окупаторскиот режим.

    Од 1940 година член е на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

    По Преспанското советување на 2 август 1943 година доаѓа во Скопје да раководи со борбата на македонскиот народ, во заднината на фашистичкиот окупатор. Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал често пати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија.

    Во февруари му било кажано дека бугарската полиција дознала за неговата активност и тој морал да замине во партизани. За жал, при обидот да го напушти Скопје, во близина на некогашната фабрика „Алумина“ бил убиен од бугарски војници.

    Неговиот споменик се наоѓа во Жена-Парк.

    повеќе
    Слика од локација
    Мапа

    Време зa читање: 4 минути Еврото дополнително се намали во однос на американскиот долар по објавувањето на податоците за американската инфлација во средата. ...
    сите 104 | | | веќе видена

    Зголемени се и цените на гаражите и паркинг местата во Загреб. По цена од еден квадрат за гаража во некои други делови на Хрватска, можете да купите цела куќа. ...
    сите 6 | | | веќе видена

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи