Христо Димитров Узунов (22 февруари 1878 – 24 април 1905) бил македонски учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ.
Се школувал во Солун и учествувал во солунските училишни бунтови.
Од 1903 година бил поставен за главен војвода на охридските револуционерни чети. Учествувал на Смилевскиот конгрес.
Во Илинденското востание бил член на Горското началство (Штабот) за Охридскиот револуционерен реон. Учествувал во спасувањето на збегот од Рашанец на ок. 200 семејства. На Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за окружен ревизор на четите на МРО за Охридско, Струшко и Кичевско.
Загинал со четата опколен од турска војска.
повеќе