Димитрија Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8 ноември, 1878 - Ленинград, СССР, 29 октомври, 1940) — македонски национален деец, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог и еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла.
Чуповски е силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност, а по поделбата на Македонија во 1913 година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на македонскиот народ.
повеќе