Дрво е бронзена скулптура кој птетставува симбиоза на дрво и човек. Таа е дело на авторот Дамјан Ѓуров, и е дел од проектот на Министерството за култура за разубавување на центарот на Скопје со 35 скулптури од 26 автори.
Скулптурата е изработена за помалку од шест месеци. Висока е шест метри и изработена е од бронза и мермер. Според авторот за неа има неколку концепти како што се човек дрво, човек како размислува и како би се чувствувал во природа, некое астрално чувство или некоја негова аура.
„Дрво“ е лоцирана до скулптурата „Заљубени“ од Димитар Филиповски.
повеќе