Сара-4

ПаркингWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: бул.В.С.Бато 2-а лок.6
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7855 км
  • Локација: позади зградата на T-Home во Ново Лисиче

  • Телефон 2: 075 240644
  • Работно време: Пон - Пет од 09:00 до 17:00



Фото и видео галерија

Сара-4 е проектантска фирма со основна дејност проектирање на стамбени и нестамбени објекти, наменети за домување, индустриски и деловни објекти.

Услуги:
• Изградба
• Проектирање
• Продажба

Покрај проектирањето, Сара-4 врши и надзор врз изведба на објектите, како и давање на консултантски услуги од областа на градежништвото.

Сара-4 како проектантска фирма е основана 1995г. во Скопје од страна на дипл.град.инж. Соња Апостолова. Од почетокот, па се до денес, компанијата работи на усовршување и надоградување на нејзината основна дејност т.е. проектирањето. За тоа единствен доказ се големиот број на проектирани и реализирани објекти.

Благодарение на долгогодишното искуство во областа на проектирањето како и надзор врз изградба на објекти, Сара-4 ја проширува својата дејност и во областа на изведбата на градежни објекти. Сара-4 со изведба на градежни објекти се занимава од 2005г. За овој период компанијата има изведено голем број на градежни објекти, располага со сиот потеребен капацитет на стручен кадар, работници, алат, механизација и се што е потребно за да може беспрекорно да ја извршува добиената задача од градежништвото.

За време на целиот период од постоењето на Сара-4, па се до денес, се врши постојана надоградба и усовршување на квалитетот на проектирањето. Сара-4 располага со сета потребна документација - лиценци и овластувања, со што гарантира сигурен квалитет за работите кои ги извршува во областа на градежништвото.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи